Едукативна донација од „Хелен Дорон“ центрите
Центрите за рано изучување на англискиот јазик ”Хелен Дорон” од Македонија ќе ја подарат првата едукативна донација на децата од Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври” Скопје. Како дел од промоцијата на методот кој над 25 години во светот е познат и признат како најдобар за создавање билингвални деца, франшизерите на центрите кои го донесоа овој метод во Македонија, донираа бесплатни часови и материјали за учење англиски јазик за штитениците на Домот 11 Октомври.
– Центрите „Хелен Дорон” не се класичен пример за изучување на англиски јазик, па затоа и начинот на промоција е насочен кон запознавање на што повеќе деца со бенефитите на програмата. Оваа донација е наша желба веќе подолг период и ни претставува особена чест што токму во пресрет на новата учебна година, наши ученици ќе бидат и децата од Домот за деца „11 Октомври”. Убедени сме дека програмата ќе им се допадне, а воедно и ќе ги видат придобивките од истата – учење на англискиот јазик и негова употреба на исто ниво како македонскиот јазик. Ова е програма за создавање на „деца на иднината” и сме многу среќни што децата од Домот ќе бидат дел од неа” – изјави Валентина Динова, сопственик на мастер франшизата „Хелен Дорон” за Република Македонија и иницијатор на акцијата.
Донацијата ќе биде во форма на едносеместрални часови според „Хелен Дорон” програмата кои ќе се одржуваат во Домот „11 Октомври” секоја сабота, во времетраење од три месеци. Со ова уште еднаш се докажа дека навистина во „Хелен Дорон“ децата секогаш се на прво место.
– Благодарни сме на „Хелен Дорон” центрите што во новата школска година им овозможија на децата да се запознаат со програмата стара 25 години, која според моите сознанија, е навистина интересна и ефикасна. Она што со сигурност можам да го потврдам, е дека децата нема да пропуштат ниту еден час бидејќи музичките дискови од програмата веќе се слушаат кај нас. Децата се навистина среќни, а за мене како Директор, тоа е навистина значајно – им се заблагодари Ристенка Атанасовска, Директор на Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври”, на Живкица Каленикова и Јасмина Шилегова сопственичките на „Хелен Дорон“ центрите од Центар и Карпош во Скопје, чии учители ќе ја спроведат оваа благородна мисија.