Добри навики за заспивање
За многу родители времето за спиење на нивните дечиња е најтешкиот дел од денот. Децата на мала возраст често даваат отпор на спиењето, особено ако имаат постари браќа и сестри кои сe’ уште се будни.
Употребете ги следниве совети за да развиете добри навики за спиење кај вашите малечки:
* Создадете тивка навика пред спиење за да му помогнете на детето да научи дека наскоро е време за спиење. Искористете го ова време за да му прочитате приказна, да слушате тивка музика или за топла бања. Може да дојдете во искушение да си поиграте пред спиење, но откажете се. Сепак, активната игра може премногу да го возбуди и да не може да заспие.
* Бидете упорни и легнувајте го секој ден во исто време. Ова му помага на детето да знае што да очекува и да создаде здрави навики за спиење.
* Дозволете му на детето да си ја земе омилената играчка во кревет секоја ноќ. Во ред е да му дозволите да спие со омиленото мече, специјалното ќебе, или друга омилена играчка. Ова најчесто му помага да заспие – особено ако се буди во текот на ноќта. Но, осигурете се дека предметот е безбеден, односно нема врвки, копчиња, или други делови кои може да претставуваат опасност.
*Направете детето да се чувствува удобно. Можеби ќе посака да се напие вода пред спиење, да оставите вклучена светилка или малку подотворена врата од собата. Обидете се да ги завршите сите потреби пред спиење, за да не ги користи како изговор за подоцно легнување.
*Не му дозволувајте да спие во вашиот кревет. На тој начин ќе му биде многу потешко да заспие кога ќе биде само.
* Не се враќајте во собата на детето секој пат кога ќе ве викне. Наместо тоа, обидете се со следново :
– Почекајте неколку секунди пред да му одговорите, и секој ваш одговор нека биде се’ подоцна. Ова ќе му овозможи да заспие самостојно.
– Уверете го детето дека вие сте тука. Ако е потребно да влезете во собата,, но немојте да вклучувате светло, да си играте со него или да се задржувате многу долго.
– Секој пат кога ќе ве викне потсетете го дека е време за спиење.
* Дајте му време. Развивањето на добри навики за спиење може да биде предизвик, и нормално е да се вознемирите кога ќе ве остави без сон цела ноќ. Обидете се да бидете полни со разбирање. Негативен одговор од родителот може понекогаш да го направи проблемот уште поголем.