Недела на детска мода во Лондон
На 19 и 20 март во Лондон ќе се одржи првото издание на Недела на детска мода. Организатори на оваа манифестација се неколку онлајн продавници за детска облека.
На првиот ден од оваа манифестација ќе се претстават неколку светски бренда на детска облека. Тие ќе ги претстават колекциите за есен – зима 2013/2014. На вториот ден од овој настан децата-манекени на писта ќе носат облека за пролет-лето 2013. Тие ќе ја презентираат облеката од дизајнерите што се застапени на онлајн продавниците.
Прашање на време беше кога ќе се одржи ваква манифестација во центарот на модата- Лондон. Сега многумина ја чекаат реакцијата од организациите за заштита на правата на децата.