• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Убавина

Десет одлични причини за да почнете да вежбате

by РиД 19/02/2012 0 Comment
 Десет одлични причини за да почнете да вежбате

Им припаѓате на оние кои „вежбаат“ постојано но само во мислите, а никако да тргнете во акција. Изговори, како замор, мрзеливост, нов филм на телевизија, кафе на сончева тераса во кафуле, повеќе не ви се оправдување. Време е да се погрижите за вашето здравје, и ако уште знаете дека со вежбањето може да ви се зголеми самодовербата, енергијата, ќе спиете подобро, дури и ќе имате подобар секс, тогаш што чекате?

Еве некои одлични причини кои треба да ве мотивираат да започнете со вежби:

Добро влијае на спиењето

Бројни студии покажале дека луѓето кои вежбаат имаат подобар сон и полесно заспиваат. Само 30 до 40 минути вежбање дневно може да помогне да се избегнат несоницата и немирното вртење во кревет. Вежбајте најмалку три часа пред спиење, или по можност во утринските часови, така ќе му овозможите на телото да се релаксира и температурата на телото да се намали, што обично се случува пред спиење.

Ја зајакнува самодовербата

Вежбањето ќе направи да се чувствувате подобро, ќе имате повеќе самодоверба. Низ вежбањето се развиваат позитивните чувства кон своето тело, тогаш се чувствувате посреќни и позадоволни. Покрај тоа, со брзо одење, возење велосипед или друг интензивен тренинг телото ослободува ендорфини кои прават да се чувствувате среќни.

Ви дава енергија

Редовното вежбање е од суштинско значење за одржување на оптималната енергија. Всушност, ако сте активни, се зголемува циркулацијата, која носи повеќе кислород и хранливи материи во клетките, кои потоа работат поефикасно и подобро. Енергијата ќе ви се зголеми со аеробик и со возење велосипед, па таквото вежбање е добро да се практикува во утринските часови , а никогаш не доцна навечер.

Го подобрува сексуалниот живот

Добар сексуален живот можете да имате ако вашиот кардиоваскуларен систем функционира добро. Покрај тоа, вежбите ја стимулираат циркулацијата на крвта во сите делови на телото, вклучувајќи ги и оние од суштинско значење за сексуалната возбуда. Во секој случај, по вежбањето ќе се чувствувате подобро и ќе бидете расположени за секс.

Го спасува животот

Луѓето кои не вежбаат доволно, годишно поминуваат десет проценти повеќе на лекар. Ако се со прекумерна тежина, со тоа, трошат дополнителни осум проценти на посети на доктор. Покрај тоа, седечкиот начин на живот ја поттикнува акумулацијата на вишокот килограми, што може да доведе до сериозни здравствени проблеми.

За нови пријателства

Со одењето на вежби, ќе запознаете нови луѓе и ќе стекнете нови пријатели кои делат исти интереси како и вие.

За помалку стрес

Додека вежбате, не мислите на проблемите, и физичка активност ви овозможува да ја исфрлите од себе напнатоста.

За повеќе забава. Физичка активност е забавна.

Уште ова

Вежбајте за да:

– фатите секси момче или можеби тренерот,

– изгледате одлично во бикини,

– влезете во старите фармерки

– можете да потрчате, без веднаш да го изгубите здивот,

– го успорите стареењето.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 481

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: aerobik slabeenje spienje vezbi аеробик вежби слабеење спиење
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved