Црно или млечно чоколадо – кое е поздраво?
Без разлика на возраста, секој сака да касне малку чоколадо. При тоа на сите им е важен квалитетот, кој пак зависи од содржината на какао. За квалитетно црно чоколадо се смета она кое содржи над 75% какао. Но според најновите истражувања, ова не е точно, односно квалитетот на чоколадото, не зависи од количината на какао, туку од тоа како е произведено. Но според најновите истражувања, ова не е точно, односно квалитетот на чоколадото, не зависи од количината на какао, туку од тоа како е произведено.
Најголемите количини какао кои се појавуваат на пазарот минуваат низ така наречен процес на алкализација, за да стане што потемно, помалку горчливо и полесно растворливо во течности. Проблемот е што овој 200 години стар процес ги уништува здравите антиоксиданси во какаото, познати како флаваноли, па производителите наместо да ја означат содржината на какао во чоколадото го означуваат нивото на флаваноли.
Добра вест е дека според најновите научни сознанија, бенефитот на здравјето на срцето од јадењето црно и млечно чоколадо е подеднаков. Во истражувањата направени минатата година, во кои биле вклучени 114.000 испитаници, откриено е дека ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар значително се намалува со јадење чоколадо без разлика дали млечно или црно, повеќе од два пати неделно. Она на кое треба да се обрати внимание е количината на чоколадото, која треба да биде мала, за да не се зголеми телесната тежина (што секако има негативен ефект по здравјето).
Значи слободно уживајте во чоколадото, но умерено.