Чоколадирани ледени банани
Состојки:
– 6 големи банани, 400 г бело чоколадо, 400 г млечно чоколадо, 400 г црно чоколадо
Потребни ќе ви бидат и 12 стапчиња за сладолед, хартија за печење, три тегли
Приготвување:
Излупете ги бананите, исечете ги краевите и секоја банана поделете ја на два дела. Ставете на едниот крај по едно стапче за сладолед, наредете ги на чинија и ставете ги во фрижидер. Оставете ги таму еден до два часа, додека бидат убаво замрзнати. Кога ќе се замрзнат бананите, можете да почнете да ги топите трите вида чоколадо во одделни садови. Потоа префрлете ги во тегли. Земајте од бананите и натопете ги во различните видови чоколадо, па задржете малку да се исцеди вишокот чоколадо. Оставете ги на една чинија обложена со хартија за печење. Кога ќе завршите со бананите остатокот од чоколадото искористете го (загрејте го по потреба) со шприц да ги испрскате одозгора бананите за декорација. Вратете ги во замрзнувач додека решите да ги послужите. Вака подготвените бананани може да ги чувате во замрзнувач до еден месец.