• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

5 растенија кои ќе ви помогнат да го освежите домот

Личност што сака кучиња наспроти личност што сака мачки: уникатни

Дали е можно да се забремени во тек на менструација?

Мал или голем дом, што е подобро?

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Забава

Интервју со Четко Четковски

by РиД 21/05/2015 0 Comment
 Интервју со Четко Четковски

 

1. Што прави Четко?

– Никогаш не се разделувам од својата огромна четка за заби. Никогаш не заборавам да ги исчеткам своите запчиња пред да си легнам. И среќен сум затоа што моите заби се бели и здрави. Среќен сум затоа што никогаш не сум имал мака со болни заби. Сакам да бидам забавен и интересен во друштво и затоа секој пат на своите другари им покажувам по некоја нова игра. Секоја негова игра е нов чекор на „Патот до здрави заби“, односно нова поука за дечињата како правилно да ја водат грижата за здравјето на нивните заби.

2. Што разговара Четко со своите другари?

– Со своите другарчиња зборувам за сите детски интереси и детски муабети, а најмногу за тоа како да се чуваме здрави. Многу често на своите другари им повторувам дека хигиената на забите е многу важна за нашето здравје. Разговараме за тоа што е здраво, а што не е здраво за јадење. Од што имаме мускули, сила и енергија, а што не само што не дебелее туку и ни ги расипува забите. Ги советувам моите другари да не јадат многу често слатки и да пијат само природни сокови. А тогаш кога ќе каснат чоколатце веднаш потоа да ги измијат запчињата.

3. Која е најважната лекција/ правило/ дефиниција за да се сочуваат здрави запчињата?

– Најважно е уште од мали нозе да се почне со миење на првите запчиња. Веднаш штом се насмее првото запче во устата, детенцето треба да почне со миење. И тоа не како било, туку да ги мие две до три минути и од горе надолу и од долу нагоре. Горните да ги мие како што паѓа дождот, долните како што расте тревата. Запчињата треба да се мијат наутро, по станување, навечер пред легнување, но и по секој изеден оброк.

4. Каде се можеме да го сретнеме Четко и да се дружиме со него?

– Јас сум секогаш расположен за дружење. Може да ме сретнете секаде каде што има дечиња. Најмногу уживам во парковите и игралиштата каде се дружам со дечињата и склопувам нови пријателства.

И на фејсбук може да ме најдете Четко Четковски .

А следната дружба ви ја закажувам на 6ти јуни на Плоштадот Автокоманда- Филип II Македонски.

5. Што најмногу јаде Четко?

– Грицкам многу морковчиња, јадам јаболчиња. Сакам и овошје и зеленчук. Но, како и сите дечиња по некогаш сакам да каснам и сладолед. Но затоа тука е мојата четка па веднаш штом каснам благичко трчам и си ги мијам забите за да ми останат вака здрави, бели и цели.

6. Што има Четко да ни порача на сите нас?

– Секој ден четкај и со здрави заби светкај! Детето е здраво колку што му се здрави забите!

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 136

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: заби здрави лакалут четко
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

17:04 12 Jul 2023

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

16:55 12 Jul 2023

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни за вашето дете

16:32 12 Jul 2023

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

15:56 12 Jul 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2023. All Right Reserved