Бракот во прв план
Љубовта е најважна во животот. Таа го движи светот. Создава семејство…. Тогаш зошто изгледа дека вашата љубов и љубовен живот какви што ги знаете, ќе се распрснат како меур од сапуница, во оној миг кога ќе добиете бебе?
Да бидеме искрени, изморени сте, исцрпени и постојат големи шанси бебето да ви поврати на рамо додека го носите.
Постојат многу причини поради кои многу нови мајки го имаат изгубено чувството за љубов, а една од нив е дека бебињата бараат внимание, имаат потреба од постојана грижа и физички контакт. Тоа знае да биде психички и физички исцрпувачко. А кога конечно ќе имате време за себе ќе ви е потребен одмор од физичкиот контакт.
Мајките имаат дополнителен предизвик бидејќи се соочуваат со големи физички и хормонални промени додека нивното тело се враќа во состојба од пред бременоста.
Бракот на прво место
Со доаѓањето на бебето се‘ се менува, вклучувајќи го и вашиот однос со партнерот. На почетокот од исцрпувачките денови полека станувате опседнати со вашето прекрасно новороденче, а сите останати делови од вашиот живот се во втор план. Добрите вести се дека хормонските пореметувања, физичката премореност и опседнатоста со бебето се привремени. Но во меѓувреме, како да одржувате блискост со партнерот? И зошто е тоа важно?
Статистиките покажуваат дека повеќе од 50% млади родители доживуваат намалена брачна сатисфакција по раѓањето на детето, а скоро 1/3 од разводите се случуваат во првите пет години од животот на детето. Сличните статистики се забележени и по раѓањето на секое следно дете.
Дали тоа значи дека децата се штетни за бракот? Не. Тоа значи дека многу родители по раѓањето на детето развиваат нездрави односи.
Поради слепата опседнатост со децата, постои тенденција за занемарување на останатите аспекти од вашиот живот, вклучувајќи го и партнерот. Без комуникација, тимска работа, мајките ќе се чувствуваат исцрпено, дека не се доволно ценети, додека на татковците им е оставено чувството дека се непотребни луѓе, освен кога мајката има потреба од одмор. Ништо од ова не се препорачува за блискост. Недостигот од односи, кој почнува како едноставен инстикт за преживување може да прерасне во навика кога бебињата ќе пораснат, проодат, почнат во школо или пак да поставуваат нови барања. Во недостигот од постојана, свесна грижа, родителите можат да се оддалечат, без да сфатат што всушност се случува, додека не биде премногу доцна.
Струњаците советуваат
Според стручните лица постојат три суштински концепти кои успешно им помагаат на двојките полесно да го поминат тој критичен период.
– Градење љубов и наклоност кон партнерот
– Да се биде свесен за тоа што се случува во животот на вашиот партнер и да се одговори на тоа
– Пристапување на проблемите како на нешто над кое имате контрола и кое можете да го решите заедно како двојка
– Полека забавувајте се и градете ја врската
Борете се со стресот на вашата партнерка, користејќи го постпородилниот период за интимност. Мислите дека бејбиситерката е луксуз? Размислете повторно. Среќен брак= среќни родители. Негувајќи ја вашата врска дирекно влијаете на идната среќа и благосостојба на вашето дете.
Закажете датум кога со партнерот повторно ќе ги разгорите оние чувства кои ве споија,пред да станете родители. Уште не сте спремни да го оставите бебето? Не морате. Најмете бејбиситерка да го забавува вашето мало и останете дома, поминете една вечер заедно со партнерот. Целта не е да побегнете од своето бебе, туку да поминете квалитетно време како двојка.
Најважно, отфрлете ги сите однапред смислени претстави кои ги имавте за животот со вашето новороденче. Во реалноста на секојдневниот живот, на родителството често му недостигаат блажените слики од медиумите или пак замислени во нашата фантазија. И родителството и бракот се тешки. Нереалните очекувања за постоењето на утописко бебе ќе ве спречи да ја видите вистинската радост на родителството, кое е, како и самото раѓање на бебето, подеднакво убаво и во хаос.