Бифтек полнет со јаболки и фета
Сoстојки:
– 1-1,5 кг свински бифтек, 1/2 чаша јаболков сок, 1/2 чаша ризлинг или друго слатко бело вино, 1 лажица ладно цедено маслиново масло, 2 зелени јаболки, 200 г сечкани печурки, 2 лажици сечкани листови од рузмарин, 1 лажичка мелен цимет, 1 лажичка мелен сушен лук, 5-6 сечкани урми, 170 г фета сирење
Приготвување:
Пред да почнете со готвење ставете го месото да отстои на собна температура 30 минути. Загрејте ја рерната на 200 степени. Во еден сад измешајт еги виното и сокот од јаболки, па зачинете со сол и црн пипер и оставете да стои на стрна. Исечете го месото да добиете една голема шницла, поставете го меѓу два листа најлонска фолија и исчукајте го со чекан. Зачинете со сол и црн пипер.
Голема тава загрејте ја и додајте ги сечканите јаболки, кромидот и печурките, па гответе додека омекне кромидот. Додајте го рузмаринот, циметот и лукот па гответе уште 1-2 минути. Тргнете го садот од оган и додајте ги сечканите урми и фетата. Оваа мешавина распоредете ја на месото и завиткајте го во ролат. Потоа прицврстете ги краевите со чепкалки или со кујнски конец.
Префрлете го ролатот во сад за печење, премачкајте го со смесата со вино и пола од нејзе истурете ја во садот околу месото, па ставете да се пече во загреаната рерна. Полевајте го месото со остатокот од течноста на секои 10-15 минути. Проверете по 50 минути дали е печено. Извадете го готовото месо, покријте го садот со алуминска фолија и оставете да стои 10-15 минути пред да ги отстраните чепкалките (конецот). Сервирајте го полеано со течноста во која се печеше.