• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Дали да се остави само бебето кога плаче?

by РиД 17/01/2013 0 Comment
 Дали да се остави само бебето кога плаче?

Што да се прави кога ќе заплаче бебето навечер: да се остави само, да му се нареди да престане или да се употреби метода за контролирано плачење? Ова е една од темите која предизвикува најмногу поделени мислења од родителите. А ни научниците не се усогласени.

Возрасните најмногу ги мачи прашањето дали оставањето расплакано бебе само, е сурово, неприродно или сосема безопасно?

За жал научните истражувања со своите противречни и недоволно испитани тврдења не можат многу да помогнат. Анализите спроведени на оваа тема се бројни. Минатонеделната студија од Универзитет во Филаделфија, ги советува мајките да ги остават бебињата сами да се смират, истакнувајќи дека кај повеќе од 1000 бебиња на возраст од 6 до 36 месеци забележан е природен развој на процесот на спиење.

Прекинувањето на сонот е нормално

Научниците откриле дека прекинувањето на сонот е сосема нормална фаза, бидејќи повеќето шестмесечни бебиња се будат неколку пати неделно. А потоа зачестеноста на будењето се менува, па до третата година само шест проценти од децата стануваат во тек на ноќта. Авторите на студијата покренале тема за тоа како само-смирувањето може да делува, но не ги докажале експериментално своите тврдења. Затоа родителите и понатаму се во дилема дали да почекаат нештата сами по себе да се сменат или да користат една од техниките за тренирање. Некои стручњаци советуваат дека лична одлука на родителите е како ќе реагираат на плачењето. Методите со оставање да се врати бебето на спиење, помагаат, но мора да се имаат во предвид неколку битни факти – бебињата под шест месеци не треба да се оставаат да плачат, бидејќи во тие мигови може да се болни или гладни, а на таа возраст се многу мали да совладаат одредена техника.

Методи кои им помагаат на бебињата

Меѓу техниките кои на бебињата треба да им го олеснат спиењето се издвојуваат следните: контролирано плачење кога бебето секоја ноќ се остава подолго да плаче, но родителите го проверуваат и го смируваат. Одредени стручњаци се исплашени дека таквото изложување на стрес кај бебето доведува до зголемено производство на хромон кортизол кој му штети на развојот на мозокот. Сепак, сè е повторно без уверливи докази. Австралиска студија објавена минатата година вклучила 328 деца на возраст од 7 месеци кои имале проблеми со спиењето и кои биле изложени на методи со контролирано спиење т.н. camping out техники. При тоа родителите останувале во детската соба, го смирувале детето, но постепно се оддалечувале од креветот или ја напуштале просторијата, оставајќи го да заспие само.

Студијата имала и некои интересни заклучоци. Се покажало дека шестгодишниците кои како бебиња биле учени на оваа метода, подоцна, покажале подобро ментално прилагодување. Недостаток е што не се докажало која метода е подобра и помалку стресна за бебињата.

Треба да се спомене уште едно истражување од 2002година кое опфатило 156 мајки со бебиња помеѓу 6 и 12 месеци. Се покажало дека бебињата кои биле изложени на котролирано плачење два месеца по анализата подобро спиеле. Сепак по четири месеци, квалитетот на нивниот сон не бил подобар во споредба со спиењето на бебињата кои не биле тренирани. Резултатите од истражувањата треба да се насока за родителите и да им укажат на евентуални последици од одделни техники. Сè останато е работа на избор и можности.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 589

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: budenje placenje spienje будење плачење спиење
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved