Баварски варени земички
Состојки:
– 600 г брашно, 200 мл млако млеко, 200 мл топла вода, 3 лажици сув квасец 2 лажици масло, 1 лажичка шеќер, 2 лажички сол, 70 г путер или маргарин,
– 1, 250 мл вода и 3 лажици сода бикарбона
Приготвување:
Во сад ставате го брашното и додајте ги стасаниот квасец со шеќерот и млекото. Додајте сол, топениот путер и две лажици масло и топлата вода. Замесете го тестото и покриено оставете го да стои 15 минути. Премесете го со малку брашно и пак оставете го да стои 15-20 минути, додека се дуплира смесата.
Готовото тесто поделете го на 12 дела, секое обликувајте го во топка. Нека стојат пет минути. Секоја топка расукајте ја што потенко и завиткајте ја во ролат. Или оставете ги како топки, па покријте ги да стојат.
За тоа време во тенџере ставете ја водата додајте ја содата и почекајте да зоврие. Додавајте ги една по една земичките, откако претходно малку ги засековте. Нека се варат по 20 секунди од една, па превртете ги и уште 20 секунди од друга страна. Посипете ги со сол и редете ги во плех обложен со хартија за печење. Печете ги на рерна загреана на 200 степени околу 20 минути. Готовите земички премачкајте ги со малку масло и посолете ги.