Абортусот го зголемува ризикот од предвремено раѓање
Дури и добрите девојки прават грешки. И понекогаш тие одбиваат несакана бременост, односно не сакајќи да станат мајки се решаваат да направат абортус.Според наше мислење, ова никогаш не е вистинското решение, освен ако здравјето на мајката не е загрозено. Намерното прекинување на бременоста може да остави трајни последици врз здравјето на жената.
Канадските научници откриле дека абортусот значително го зголемува ризикот од предвремено раѓање во следната бременост. Покрај тоа, инвазивната манипулација последователно може да доведе до раѓање на бебе со мала тежина, кое бара посебна грижа.
Специјалистите од болницата „Монт Синај“ во Торонто сакале да откријат што предизвика некои бебиња порано да се раѓаат и да не се развиваат правилно во матката на нивната мајка. Тие спровел истражување од 1965 до 2001 година, над жени кои имале слични методи на абортус. Резултато бил – жените кои имале абортус во првиот или вториот триместар од бременоста биле изложени на ризик од предвремено раѓање подоцна, 36% повеќе од оние кои не биле подложени на таков зафат.
Покрај тоа, опасноста нивното дете да се роди со мала родилна тежина е за 35% поголема. За жените кои имале повеќе од еден медицински абортус, стапките биле многу позастрашувачки. Тие имале 72% поголема веројатност да имаат бебе со мала родилна тежина, а ризикот да се роди бебето предвреме бил за 92% поголем споредно со мајките кои никогаш немале абортус.
Според научниците, овие резултати се должат на физичко оштетување на грлото на матката за време на абортусот, бидејќи техниката со која се врши е многу инвазивна. Тие советуваат секоја жена да биде запознаена со последиците од прекинување на бременоста пред да донесе одлука за тоа.