AББА го најави своето враќање: „Ви благодариме што чекавте, патувањето наскоро ќе започне“
Од разијдувањето во 1982 година, упорно се спротивставуваа на понудите повторно да се соберат, но вечерва со возбуда се очекува нивниот камбек.
Сега седумеседгодишните автори на поп класиците „Dancing Queen“, „The Wineer Takes It All„ и „Take a Chance on Me“ најавија историска објава во 18:45 по средноевропско време. Деталите сè уште се држат во тајност, но, се оекува групата да ја најави објавата на првите песни од 80-те години и почеток на нова театарска претстава во која ќе настап како холограми „Abbatars“.
„Ви благодариме што чекавте, патувањето наскоро ќе започне“ – објави минатиот викенд на „Твитер“ славната четворка. Според таблоидот „Сан“, тие снимиле осум нови песни.
(фото:Инстаграм)