• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Кујна

Џамбалаја

by РиД 04/06/2013 0 Comment
 Џамбалаја

Состојки : 2 пилешки копана, 12 средни шкампи (исчистени и обарени), 1 лажица маслиново масло, 1 лажица путер, 2 големи колбаса, 2 лажици сечкан лук, 1 средна главица кромид, 1 лажица доматно пире,

1 чаша неварен ориз, 450 мл пилешка супа, 1 лист лавор, 1 лажица вустер сос, 1 лажичка лут сос ( по желба), 1 зелена пиперка, ½ целер, сол по вкус.

Микс од зачини: 1 лажичка мелена сува црвена пиперка, ½ лажичка сол, ½ лажичка лук во прав, ¼ лажичка мелен црн пипер, ¼ лажичка кромид во прав, ¼ лажичка црвен пипер, ¼ лажичка суво оригано, ¼ лажичка сува мајчина душичка. Измешајте ги во еден сад.


За супата:
2 лажици путер, 2 лажички сечкан лук, ½ главица сечкан кромид, ½ лажичка сол, пилешки коски (од копаните кои ќе ги користите за џамбалаја), 1 морков, ½ гранче целер, ¼ лажичка мелен црн пипер, 1 лист лавор, 2 чаши вода, 2 лажици шери, сол

Прво пригответе ја супата:

Загрејте еден сад, додајте го путерот и лукот, па пржете на тивко додека стане лукот кафеавкаст. Додајте го сечканиот кромид, зачинете со сол и мешајте на средна температура додека омекне. Додајте ги сечканиот морков, целер, пилешките коски, црн пипер и листот лавор. Промешајте и динстајте на тивко. Додајте го шерито и водата, па оставете да зоврие. Потоа варете на тивко околу 30 минути, со повремено мешање.

Приготвување на џамбалаја:

Исчистете ги пилешките копани од коските исечкајте ги на коцки и зачинете ги со половина од мешавината од зачини која ја приготвивте. Остатокот искористете го за зачинување на ракчињата. Загрејте ги во еден сад путерот и маслиновото масло. Додајте ги сечканите колбаси и пржете ги, па кога ќе бидат готови префрлете ги во еден сад. Испржете го пилешкото исечкано на коцки во истиот сад, па кога ќе биде готово префрлете го во друг сад. Додајте ги ракчињата и повторете ја постапката со пржење. Можете да додадете по потреба уште путер и масло, ако не е доволно. Во тавата пржете го прво лукот, па додајте го сечканиот кромид и пржете го да омекне. Додајте ги пилешкото, колбасите, доматното пире и оризот. Измешајте и пржете околу две минути. Додајте ги останатите состојки (зеленчукот сечкан да биде), освен ракчињата. Оставете да зоврие, па покријте со капак и гответе на средна температура 25 – 30 минути, или додека се свари оризот. Повремено мешајте. Додајте ги зготвените ракчиња, промешајте и исклучете ја температурата. Покријте го садот и оставете да стои десеттина минути. Промешајте уште еднаш пред да го послужите јадењето.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 589

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: jadenje so kolbasi pilesko meso rakcinja јадење со колбаси пилешко месо ракчиња
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved