Одбележан светскиот ден на оралното здравје
Македонското стоматолошко друштво преку донација на средства за орална и лична хигиена во интернатот – згрижувалиштето „Гоце Делчев” во село Љубанци, за петнаесет дечиња – социјални случаи, го одбележа светскиот ден на оралното здравје. Акцијата беше изведена во соработка со Colgate.
„Среќни сме што токму на овој ден учениците имаа можност да научат повеќе за оралната хигиена и истите подготвија цртежи како треба да се грижат за своите запчиња.“ – изјави Силвана Терзиева, директор на интернатот „Гоце Делчев“.
Оралното здравје е важен составен дел на општото здравје и квалитетот на животот на секој поединец. Стоматолозите се единствените во својата улога да можат да ја дијагностицираат и анализираат широката патологија кај своите пациенти и да ги воочат разновидните ризик фактори во прв ред, бидејќи најчесто лечат пациенти кои себеси се сметаат за здрави.
„Нашето стоматолошко друштво покренува постојано иницијативи за едукација на најмалите, со цел да создадат навика за орална хигиена, односно правилно да користат четка и паста за заби, конец и редовно да посетуваат стоматолог “ – вели доцент д-р Соња Еленчевска-Апостолска, претседател на Македонско стоматолошко друштво.
Препораки за светскиот ден за орална хигиена
Четкањето на вашите заби со квалитетна паста за заби ќе ги одржува вашите заби и непца здрави, ќе се чувствувате добро и вашето лице ќе го краси блескава насмевка. Со одржување добра орална хигиена ефикасно ќе отстранувате наслаги, остатоци од храна и бактерии – главните причинители за непријатен здив, заболувања на забите и непцата или ќе помогнете за нивно заздравување. Истовремено ќе имате свеж здив и блескаво бела насмевка.
Важно е да изберете паста за заби која е најсоодветна за вашите потреби и за состојбата во вашата усна шуплина. Веруваме дека ќе ја најдете совршената паста за заби за вас во палетата на пасти за заби Colgate, која содржи и пасти и четки за третман на гингивалните воспаленија и чувствителноста на забите. Истовремено не заборавајте дека за потполна ефикасност на пастата за заби, редовно треба да ја менувате вашата четка за заби – најмалку на секои три месеци.