Вегетаријански пица леб
Состојки:
– 1 векна леб, 80 мл топен путер, 80 мл + 1 лажица маслиново масло, 2 лажици сечкан кромид, 2 чешниња лук толчен, 1 лажица сечкано луто пиперче, 17-20 печурки сечкани, 4 лажици сечкана бабура, 100 мл доматен сос, 150 г рендан кашкавал, сол и црн пипер
Приготвување:
Загрејте една лажица маслиново масло во тава додајте го истолчениот лук и пржете околу една минута. Додајте го кромидот и пржете уште една до две минути. Потоа додајте ги печурките, бабурата, малку сол и црн пипер, сечканото луто пиперче (по желба), доматниот сос, измешајте и пржете 2-3 минути. Мешавината не треба да биде премногу течна, па по потреба продолжете го времето за динстање. Тргнете го садот на страна. Во друг сад стопете ги путерот и маслиновото масло. Лебот засечете го со нож на ромбови, но не го сечете до долу. Во тие засеци истурете ја мешавината од масло и путер, со мала лажица, како и на површината од лебот. По желба можете да додадете во вдлабнатите и толчен лук, пржени печурки и др. Наполнете во вдлабнатините со рендан кашкавал. Потоа завиткајте го лебот со фолија, па ставете да се пече во рерна загреана на 200 степени, 15- 17 минути. Извадете го лебот од рерна, отстранете ја фолијата и печете го уште 5- 7 минути, да стане крцкав на површината. Послужете го веднаш со претходно подготвениот сос.