Нова мода во Сибир – сноуборд во бикини
Иако самото споменување на Сибир асоцира на студови и екстремно ниски темпаратури, овие девојки безгрижно се спуштаат низ снежните падини во костуми за капење, исто како кога се на плажа.
Русите во последно време почнаа на големо да влегуваат во зимските спортови. Покрај изградбата на олимписките борилишта во Сочи, каде следната година ќе се оддржи зимската Олимпијада, во земјата се отворени и неколку нови скијалишта.
Едното од нив е и Шерегеш, оддалечено околу осум часа возење од Москва. Скијачкиот центар се наоѓа во средината на Сибир, каде температурата знае да се спушти и до минус 40 степени Целзиусови.