Споделете ја својата приказна, инспирирајте ги другите
Најголемата желба на секој брачен пар е да ја почувствува убавината од родителството. Да го држи во прегратка своето чедо. Но, не секогаш нештата одат по природен и нормален тек.
Додека некои жени успеваат без проблем да забременат и да донесат на свет здрави дечиња, некои ја немаат таа среќа.
Денес благодарение на напредокот на медицината, употребата на методите ИВФ, ИСЦИ и др…многу од проблемите со кои се сочуваат брачните парови во борбата со стерилитетот, се решаваат.
А приказните се различни, но во секој случај инспиративни.
Доколку имате ваква лична приказна која сакате да ја споделите и на тој начин да им влеете малку надеж на оние брачни двојки кои моментално го одат тој пат, пријавете се за учество во емисијата „Тунел“ која наскоро ќе почне да се емитува на МРТВ.
Пријави на телефон 070/347-947, на мејл [email protected] или преку приватна порака на Фејсбук страната од Родители и деца .