Снаодлива мајка бесплатно го опремила домот
Кет Флечер (49) од Њухејвен, Англија, има удобен и комплетно опремен дом, со функционални апарати, меѓу кои се и шпорет со шест рингли и машина за перење садови марка „бош“. Сето тоа не би било чудно, доколку, вклучувајќи го и есцајгот, садовите, па и дел од облеката која ја носи, не е набавено бесплатно, преку интернет сајтови на кои луѓето без надокнада нудат предмети кои повеќе не им се потребни.
Флечер, која е самохрана мајка на три деца, работи како личен асистент, смета дека тоа воопшто не е срамота, односно поголем срам е да се биде потрошувач опседнат со трошење пари.
Кет вели дека опремувањето на ваков дом со три спални соби, дневна соба, бањи и кујна би чинело најмалку 25.000 евра, под услов да морала да плати.
Резултатот можеби не е стилски совршен дом, но потсетува на „опуштен шик“ во опремување на станот, инаку многу популарен во Англија. Таа спонтаност, многу ја постигнуваат со тешка мака и со многу вложување.
Флечер која во 1997 година се доселила во Англија од Австралија, вели дека уште пред неколку години нејзиниот начин на опремување на домот, многумина го гледале од високо. Сепак економската криза го изменила тој став и сега многумина се борат да поминат со што помали трошоци. Нејзе, конкретно за опремување на домот без парични трошоци и овозможило целата заработка да ја троши за храна и други потреби на своите три деца. На тој начин таа живее комфорно од она кое го заработува како самохрана мајка.
Највредните нешта од домот на Кет Флечер:
– штица за сурфање (преку интернет),
– комода со фиоки (ја исфрлил некој шпански студент при заминување од Британија),
– фрижидер „даеву“ (од некои богати луѓе кои реновирале дома),
– тросед (исфрлен е во нејзиниот град Њухејвен, а и јавиле пријатели),
– машина за миење садови „бош“ и шпорет со 6 рингли „дипломат (преку интернет),
– бели керамички садови „дебенхајм“ (исфрлени во кутија на патекате пред куќата),
– црвена фотелја (од станот на бившиот шеф),
– трпезариска маса и столици (преку интернет).