Што кога морате да лежите цела бременост?
Да се лежи во тек на цела бременост е еднакво на бесконечна здодевност! Жената може само да чита книги, да гледа телевизија или пак да сурфа на интернет. Сепак не е така. Постојат активности кои можете да ги правите додека го чекате денот да го запознаете своето најмило. Со нив времето побрзо ќе ви минува…барем малку побрзо.:)
Пред да испланирате што ќе правите додека лежите, информирајте се што смеете или не да правите. Направете листа од прашања кои ќе му ги поставите на вашиот лекар. Потоа направете си план од активности со кои ќе се занимавате, врз основа на советите од лекарот.
Можете да го прашате следното:
– Колку долго ќе морате да лежите?
– Дали можете да извршувате полесни задолженија?
– Дали смеете да седите додека гледате телевизија, читате книга или јадете?
Откако ќе добиете одговори, можете да се решите за активностите со кои ќе ја разбиете досадата:
– Изработете картички за честитање родендени или за празниците кои доаѓаат.
– Средете ги фотоалбумите.
– Читајте ги книгите од омилениот автор.
– Читајте сè за бебиња – доење, имунизација, исхрана, постнатална депресија…
– Испланирајте ги претстојните домашни прослави, настани за следната година до најситни детаљи.
– Играјте карти или други друштвени игри.
– Изработете прекривка за своето бебе.
– Истражете ги можностите за различни активности за бебиња и мали деца, во вашиот реон.
– Средете ги плакарите, со помош на партнерот. Тој ќе чисти и средува како што вие ќе му кажувате.
– Наполнете го нинтендото со разни мини игрички кои би ви биле интересни.
– Организирајте го својот телефонски и адресен именик.
– Средете ја листата на родендени.
– Изработете сложувалка од 1000- 5000 парчиња.
– Сплетете капчиња, шалчиња, калчинки за своето бебе.
– Слушајте ја омилената музика.
– Скајпувајте со пријателите.
– Дизајнирајте интересни картички за покани за роденден.
– Информирајте се за некоја интересна дестинација за одмор, каде би можеле да одите откако ќе се породите (ако ви дозволува возраста на бебето).
– Најдете некоја нова интересна видео игра.
– Барајте на интернет интересни и лесни рецепти.
– Направете шопинг листа за потребни работи за новороденчето.
– Плетете, везете, изработувајте разни рачни ракотворби.
– Направете мали интересни украси за бебешката соба.
– Прашајте го лекарот за листа вежби кои можете да ги правите дома.
– Направете сами една радосница за бебето.
– Поканете ги пријателите на седенка.
– Гледајте филмови на дивиди, додека ви сака душата.
Ако не ви текнува некоја друга забава и не ви се допаѓа ниту еден од предлозиве, тогаш одете на The Useless Web. Можеби ќе ве одведе во светот за кој никогаш не сте ни знаеле дека постои. 🙂