• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

Топ 5 прегледи за секоја жена

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Изберете ја вистинската играчка

by РиД 14/10/2012 0 Comment
 Изберете ја вистинската играчка

Толку многу играчки, а толку малку време. Играњето е детска работа, а играчките се нивните алатки.

Уште од првите обиди на бебето да ја дофати тропалката до тинејџерската заинтересираност за компјутерските игри, децата низ играта учат како да резонираат, да се концентрираат, дружат, ги развиваат моториката и говорните способности.Играчките можат да ја зголемат љубопитноста и да го научат детето како да прави мудри избори.

Најдобрите играчки се оние кои стимулираат многу сетила и му даваат на детето можност да се снаоѓа во различни ситуации, како и да откриваат разни нешта. Бебето се наведнува да ја земе топката на подот и при тоа открива дека не само дека топката се тркала, туку и испушта музика. Тоа го мотивира да се истегне, да посегне по топката и повторно да ја предизвика истата ситуација. Коцките наредени една над друга во кула, го прават детето гордо. Тие исто уживаат и да ја урнат, и одново да ја изградат кулата. Играчките кои создаваат креативност во играта се одлични за долгогодишна забава.

Кога избирате играчка за вашето дете, размислете внимателно за играчката и за детето. Изберете играчка која е соодветна за неговата возраст, да може да ја користи детето во зависност од кои вештини ги има совладано до тогаш и да му овозможи нови предизвици. Со што си игра вашето дете сега? Дајте му играчка која ќе му овозможи да напредува.

Изберете играчки кои можат да се делат со пријателите, но истовремено може детето и само да си игра со нив. Дајте му играчки за кои верувате дека и вие ќе уживате додека си играте со детето заедно. Многу повеќе ќе дознаете за своето дете, неговите желби и чувства, ако седнете на подот и играте со него и неговите играчки. Освен тоа овие спомени траат цел живот. Запомете, вие сте најдобрата „играчка“ која може да ја има вашето дете.

Доколку решите да купите нова играчка за вашето дете, еве неколку прашања кои треба да си ги поставите:

1. Што ќе научи од неа моето дете?

2. Дали ќе му го задржи вниманието на моето дете?

3. Дали е безбедна:?

4. Колку мене ќе ме нервира ако ја гледам и слушам?

5. Дали промовира креативност и социјална интерактивност?

6. Дали поттикнува агресивност?

7. Колку е напорна за детето и дали може на било кој начин да му наштети?

8. Дали е подеднакво добра за машки и женски деца?

9. Колку сетила стимулира?

10. Дали ќе уживам и јас додека играм со неа и моето дете?

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 556

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: biranje igracki kupuvanje бирање играчки купување
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот рез

20:15 16 Mar 2026

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати природно: Што навистина вели науката

01:02 14 Mar 2026

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

00:10 14 Mar 2026

Топ 5 прегледи за секоја жена

22:24 13 Mar 2026

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2026. All Right Reserved