• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

Топ 5 прегледи за секоја жена

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Помогнете му на срамежливото дете да стекне другари

by РиД 10/10/2012 0 Comment
 Помогнете му на срамежливото дете да стекне другари

Тргнувањето во школо или градинка може да биде стрес и за најшармантното и најдруштвено дете.Тука се новите деца со кои треба да се вклопи, промената на средината, секојдневна анксиозност поради новиот почеток.

Сето ова може да предизвика срамежливост кај вашето дете, а вие можете да му помогнете да го надмине тоа.

1. Научете го на основние вештини за спријателување

Децата по природа сакаат да се дружат со други деца кои се во состојба да го делат она кое го имаат, кои не се тепаат, не урлаат и не плачат. Овие основни вештини потребни за спријателување се учат уште дома. На пријателско однесување можете да ги научите децата со сопствен пример. „Бидете љубезни кон своите деца“, советуваат семејните терапевти. Онака како што се однесувате вие кон нив и тие ќе се однесуваат со врсниците и другите.

2. Помогнете му

Ако вашето дете штотуку учи да стекне пријатели, не е лошо во тоа да му помогнете малку, но само толку додека почне интеракција со другите деца, советуваат психолозите. Целта е да го поддржите детето во создавањето нови пријателства, а при тоа да не го правите тоа наместо него. Почнете така што на неговите интеракции ќе им дадете некоја структура. За децата на кои им треба мал поттик, понекогаш е доволно да се укаже на сличните интереси: „Маја, ова е Ања! И таа сака принцези!“. На помалите деца или на децата кои имаат потреба од помош, можете да им укажете на изборот на игри кои им се на располагање – како што е правење предмети од пластелин, или градење куќичка од коцки.

3. Научете го како да зборува

„Ми се допаѓа…затоа што е…Можам ли да ти помогнам да…?“ се одличен модел на воведни реченици кои можете да ги вежбате со своето дете. Детето на пример, може на друго дете со кое би сакало да си поигра да му каже: „ Ми се допаѓа твојата голема куќа од коцки, бидејќи изгледа како вистинска. Можам ли да ти помогнам да направиш гаража?“. Ако вашето дете настапува позитивно, помала е веројатноста да биде одбиено.

4. Научете го да го разбира говорот на телото

Важен дел од интеракцијата со другите претставуваат говорот на телото и изразите на лицето. Децата мораат да научат на кој начин лицето и телото отсликуваат емоции, а особено е важно по изразот на лицето да знаат да ги распознаат шесте основни емоции: радост, тага, гнев, страв, изненадување и гадење. Ако мислите дека вашето дете во тоа не е доволно вешто, можете со него да вежбате изрази пред огледало, како еден вид игра. Тоа е клуч за следниот чекор: покажете му како насмеаното лице, директниот контакт со очи и нежен допир со раката (или „фрлање коска“) може некому да му даде до знаење дека сакаме да се дружиме.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 767

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: druzenje igra sramezlivo dete дружење игра срамежливо дете
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот рез

20:15 16 Mar 2026

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати природно: Што навистина вели науката

01:02 14 Mar 2026

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

00:10 14 Mar 2026

Топ 5 прегледи за секоја жена

22:24 13 Mar 2026

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2026. All Right Reserved