Бебе по 35та година ?
Ако сте ја одложиле бременоста поради некоја причина, па сте ја минале веќе 35тата година, можеби се прашувате дали е безбедно да забремените.
Статистички, жените над 35 години се со поголеми шанси да имаат медицински компликации за време на бременоста, но истовремено од тоа не се поштедени ни помладите жени. Истражувањата покажуваа дека постарите мајки се со поголема веројатност да абортираат, да развијат висок крвен притисок и гестациски дијабетес (гестациска гликозна интолеранција), и имаат тешко породување.
Но, не грижете се. Поновите истражувања покажуваат дека постарите мајки се повеќе физички способни, отколку што беа пред една или две децении. Ако беа вистина негативните статистики кои ги имавте слушнато за времето кога вашата мајка била трудница, тие сигурно не се валидни денес! Всушност, во изминатите дваесет години, бројот на жени над 35 години кои се породиле е двојно зголемен.
Многу постари жени успешно раѓаат здрави бебиња, а исто така се психички зрели за да ги одгледуваат децата.
На крајот, напредокот денес во медицината, е доволна сигурност дека жените над 35 години не треба да се плашат од првата бременост. Ризикот се намалува уште повеќе кога жените над 35 имаат второ бебе. Ако размислувате да имате бебе, нека не ве спречува возраста.