Стрес и бременост
Стресот за време на бременоста го зголемува ризикот за појава на одредени фатални аномалии. Пред сè зголемена е опасноста од појава на срцеви мани, дефекти на рбетниот мозок, како и различни нивоа и форми на расцеп (расцеп на усните, непцето и сл. ). Често појавата на фатални аномалии се доведува во врска со факторот околина. Така од многубројните експерименти со животни, познато е дека мајчниот стрес во тек на бременоста има тератогено дејство.
До слични резултати дошле и научниците од Калифорнија, во Birth Defect Monitoring програмата. Резултатите од истражувањето покажуваат дека мајките кои биле изложени на стресни доживувања еден месец пред зачетокот, односно во првите три месеци од бременоста, почесто раѓаат деца со одредени аномалии.
Ризикот за појава на срцева мана и други проблеми е зголемен за 40 – 50%, велат научниците. Под стресни влијанија во оваа студија класифицирани се критични настани во животот, како што се развод, смрт на член од семејството или губење на работа во семејството. При тоа земени се во предвид и други фактори кои би можеле да имаат влијание на појавата на фатални дефекти што е познато од досегашните статистички прикази, како што се: старост на мајката, пушење, алкохол, генетски фактори и сл., но и земањето на фолна киселина во бременоста како олеснителен фактор.
Како што покажува студијата, стресот особено неповолно делува на настанувањето на фатални дефекти кај жените со понизок степен на образование, како и кај жени со нормална телесна тежина. Генерално, постојат многу можности за објаснување како стресот негативно влијае на развојот на фетусот. Покрај другото, познато е од литературата дека кортикостероидите во бременоста се тератогени. Освен тоа стресот доведува до интраутерин недостиг на кислород, што исто така може да игра одредена улога.