Вивиен Џоли-Пит заплива во актерските води
Вивиен Џоли-Пит, сестрата близначка на Нокс Џоли-Пит, ќе ја глуми принцезата Аурора во филмска адаптација на бајката „Заспаната убавица“.
– Енџи мислеше дека тоа би било интересно искуство за неа и Вив, која е природен талент за глумење – изјави пријател близок на семејството.
Џоли ќе ја глуми главната улога во филмот со Џуно Темпл, Сема Рајли, Миранда Ричардсон, Имелда Стантон. Ела Фенинг ќе ја глуми како возрасна Аурора, а филмот ги опишува причините кои ја натераа лошата самовила да фрли клетва врз Аурора. Премиерата на филмот е најавена за средината на март 2014 година.