Крофни со нутела
Состојки:
– 1 пакетче сув квасец, 2/3 од чаша млеко, на собна температура, 3 ½ чаши брашно, 1 1/3 чаши шеќер, 2 лажички сол, 3 јајца,7 лажици путер на собна температура, масло за пржење, нутела за полнење
Приготвување:
Во еден сад ставете го млекото со квасецот да стои додека се растопи (околу 1 минута). Додајте го брашното, 1/3 чаша шеќер, солта и јајцата. Мешајте со миксер околу 4 минути, додека се формира тесто. Почнете да го додавате путерот малку по малку и миксирајте уште 5- 6 минути. Извадете го тестото од садот, ставете го во најлонска кеса и нека стои во фрижидер околу 6- 15 часа. Набрашнете ја работната површина, извадете го тестото и расукајте го во кора, дебела околу 1 – 1,5 см. Со кружен калап или со чаша исечете крофни. Наредете ги во плех покриен со хартија за печење, па покријте ги со најлонска кеса. Оставете да стасуваат на топло 2- 3 часа, додека ја дуплираат големината и станат меки.
Загрејте поголема количина масло во еден сад. Ставете го останатиот шеќер (1 чаша) во еден сад. Почнете да ги пржите крофните, додека добијат убава златно кафена боја од двете страни. Извадете ги од маслото, ставете да се исцеди вишокот масло на чинија со хартиена салфетка. Потоа ставете ги шеќерот и валкајте ги да се налепи убаво од сите страни. Оставете да се изладат крофните комплетно. Ставете нутела во кујнски шприц, дупнете дупче и полнете ги крофните. Сервирајте веднаш.