Кревет за вас и вашата мачка
Од оставањето влакна на омилениот кревет, до разните оштетувања, делењето на софата во дневната соба со вашето крзнено милениче, може да биде навистина проблематично. Но, еден кореански дизајнер најде решение
Сенгџи Мун, гледајќи како секојдневно расте бројот на мачките домашни миленичиња, наспроти недоволниот простор да бидат среќни и активни, дошол до револуционерна идеја. Тој создаде софа во која ќе можат да уживаат подеднакво сопственикот и миленичето.
Софата во горниот дел, каде што е потпирачот за грбот, има една цевка која има дупка на горниот дел, влез и излез. Низ нејзе мачката може слободно да се движи, да истражува низ тунелот или да се одмора. Па така, на еден кревет, ќе има доволно место и за сопственикот и за миленичето.