• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

Топ 5 прегледи за секоја жена

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Физичкото казнување може да доведе до ментални болести

by РиД 03/07/2012 0 Comment
 Физичкото казнување може да доведе до ментални болести

Новата студија направена од Американската Асоцијација на Педијатри,  донесе откритија, кои ќе ги натераат родителите добро да размислат пред повторно да подигнат рака на своето дете. Иако наголемо се зборува дека удирањето деца не е во ред, голем дел родители сепак признаваат дека физички ги казнуваат децата. Според направените истражувања од истата Асоцијација, 70 – 90 % од мајките признале дека од време на време ја користат оваа мерка на воспитување.

Според добиените резултати, по истражувањето направено над 34,000 возрасни лица, докажано е дека удирањето во детството, колку и да се чини безопасно, ги зголемува шансите за развој на ментални болести во подоцнежниот живот. Ваквиот не популарен начин на казнување се воведува во тесна врска со нарушувањата во расположението, вклучувајќи ги депресијата и анксиозноста, како и нарушувања во личноста, кои доведуваат до алкохолизам или наркозависност.

Научниците тврдат дека 7% од менталните болести кај возрасните, може да се поврзат со физичките казни во детството, вклучувајќи ги шлаканиците, грабањето, туркањето и удирањето. Студијата открива и дека потчукнувањето го зголемува ризикот за развој на депресија до 41 %, употребата на алкохол и дрога до 59%, како и развој на манија дури до 93 %.

– Не зборуваме за ретки случаи кога родителот го удира детето по газе, туку зборуваме за луѓе кои физичкото казнување го користат како редовна дисциплинска мерка за своите деца – појаснува д-р Трејси Афифи, дел од тимот кој го спроведувал истражувањето.

Од анализата биле исклучени луѓето кои пријавиле тешки облици на малтретирање, како физичка, емоционална и сексуална злоупотреба, физичко и емотивно отрфрлање или изложеност на насилство од партнерот.

– Дефинитивно се докажа дека физичката казна не треба да се користи за децата од било која возраст – вели Афифи и додава – важно е педијатрите и другите здравствени работници кои работат со деца и родители да се свесни за оваа поврзаност на физичкото казнување и менталните нарушувања.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 623

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: fizicko kaznuvanje mentalni bolesti ментални болести физичко казнување
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот рез

20:15 16 Mar 2026

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати природно: Што навистина вели науката

01:02 14 Mar 2026

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

00:10 14 Mar 2026

Топ 5 прегледи за секоја жена

22:24 13 Mar 2026

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2026. All Right Reserved