Црвена лимонада
Состојки:
– 3 чаши вода, 1 чаша шеќер, 18 ливчиња нане, 150 г свежи (или замрзнати) капини, 3 гранчиња нане, 4 чаши лимонада, мраз и уште неколку гранчиња нане за декорација
Приготвување:
Ставете ја водата со шеќерот во еден сад на шпорет да зоврие. Мешајте додека се растопи шеќерот, потоа намалете ја температурата. Додајте ги искинатите ливчиња нане и вратете го садот на оган кратко да провире. Оставете го сирупот да се излади. Ставете ги капините во блендер, додајте го сирупот со нане (листовите нане отстранете ги или процедете го сирупот низ цедалка). Вклучете го блендерот кратко, колку да се разбијат капините, но не да ги претворите во пире. Наполнете еден голем стаклен бокал до пола со коцки мраз, додајте ги гранчињата нане. Истурете ја лимонадата претходно подготвена, додајте ја мешавината со капини и по потреба уште нане. Послужете во високи чаши со лед и украсено со гранчиња нане.