• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Сакам бебе

Бременост и здравјето на забите

by РиД 07/02/2022 0 Comment
 Бременост и здравјето на забите

Многу често слушаме изјави од жени дека забите во бременоста им пропаднале и дека поради силно воспаление на непцата, забите им се расклатиле. Бременоста и пропаѓањето на забите се доведуваат во врска одамна, но, колку нивната врска е навистина оправдана?

Дали во бременоста се менува квалитетот на забите?
Не, квалитетот на забите останува непроменет…она кое се менува во бременоста е киселата средина во устата, поради честото повраќање во првите месеци од бременоста, што доведува до развој на кариес и поради интензивното дејство на хормоните, се јавува гравиден гингивитис (воспаление на непцата).
Гравидниот гингивитис воедно е еден од првите  знаци на бременоста, непцата се отечени , црвени и крварат на допир со четкичката, дури и храната. Отечените непца маскираат поголема површина од забите, потешко може да се чистат, храната се задржува во џебовите околу забите, брзо се формираат наслаги кои доведуваат до парадонтопатија, кариес и клатење на забите.
Можат ли да се избегнат вакви тегоби?
Правилото на кое во тек на едукацијта на трудниците се инситира, е редовно и правилно одржување на хигиената на устата и забите. Меѓутоа, исплашени од крварењето од непцата, многу трудници обично престануваат со редовното миење на забите, што е прва и основна грешка. А токму со честото миење на забите се доведува до тоа да непцата зацврстат, да се ублажи крварењето и да се избегнат промените кои се случуваат во устата во текот на бременоста.
Дали стоматолошките интервенции во бременоста се опасни за плодот?
Најдобро е да се отиде кај стоматолог уште пред бременоста, додека таа се планира и да се санира се што треба, па бременоста да се дочека со здрави заби и подоцна само да се одржува хигиената. Што се однесува до интервенцијата во самата бременост, се треба да се избегнува во првите три месеци, бидејќи во тој период плаценталниот крвоток е најпропустлив, така што одредени медикаменти за лечење на забите можат да делуваат дури и токсично на плодот.  Подоцна можно е да се направат многу интервенции, но секогаш со согласност од гинекологот кој ја води бременоста, особено ако за некоја од нив е потребна локална анестезија. Во принцип, давањето анестезија треба да се избегнува, бидејќи локалните анестетици содржат окситоцин, хормон кој предизвикува контракции на мазната мускулатура, каква што е во матката, па може да доведе до предвремено породување. Она кое не смее да се прави во бременоста е рентгенско снимање на забите.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 468

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved