Колку е безбедна Аткинсоновата диета?
Жените на Аткинсонова диета, може да се во опасност од срцев или мозочен удар, подоцна во животот, тврдат научниците, кои откриле дека редовното конзумирање голема количина протеини и многу малку јаглехидрати, го зголемува ризикот од удари за повеќе од четвртина. Научниците ги предупредуваат жените да ги следат правилата за урамнотежена исхрана, и да не се обидуваат да ги исфрлат компирот, лебот, оризот и тестенините од својата исхрана.
Грчките и шведските научници поминале 15 годишно истражување на голема група од 43.400 жени на возраст од 30 – 49 години. Кај жените чија исхрана била сиромашна со јаглехидради, но богата со белковини, потврдено е дека за 28 проценти се изложени на поголем ризик од срцев и мозочен удар, пишува Дејли мејл. Односно, од 10.000 жени на Аткинсонова диета, пет веројатно би можеле да претрпат мозочен или срцев удар, во споредба со 10.000 жени со нормална исхрана.
Оваа студија укажува за потребата од урамнотежена исхрана, предупредуваат нутриционистите и велат дека не треба да се бира меѓу јаглехидратите и протеините, туку да се комбинираат продуктите од сите видови храна, за да може да се биде здрава одвнатре и однадвор.
Протеините, немасните млечни производи, лебот, јаглехидратите богати со влакна, многу овошје и зеленчук, како и малите количини масти, се подобри за срцето и струкот за разлика од строгите диети.
Студијата е објавена на веб страницата од списанието British Medical Journal.
Типичната Аткинсонова диета, која ја смислил американскиот кардиолог Роберт Аткинс, се состои од јајца и сланина за појадок, салата од пилешко за ручек и риба и брокули за вечера. Аткинс починал во 72 година од срцев удар.