Вотка желе
Состојки:
За црвениот слој:
– 1 чаша вода (250 мл), 2 пакетчиња обичен желатин, 1 голема кутија желатин од јагоди или вишни, 1 чаша (250 мл) вотка со овошен вкус по избор
За жолтиот слој:
– 1 чаша вода (250 мл), 2 пакетчиња обичен желатин, 1 голема кутија желатин од лимон, 1 чаша (250 мл) вотка со овошен вкус по избор.
За синиот слој:
– 1 чаша вода, 2 пакетчиња обичен желатин, 1 голема кутија желатин од боровинка, 1 чаша (250 мл) вотка со овошен вкус по избор.
Мараскино кандирани вишни по желба.
Приготвување:
За секој слој одделно, ставете ја прво водата во еден сад, додајте го обичниот желатин, промешајте и оставете го така 1- 2 минути, додека се раствори. Потоа загрејте го, со мешање, додека се растопи желатинот целосно. Тргнете го садот од оган, додајте го овошниот желатин, промешајте додека се раствори. Додајте ја вотката. Распоредете ја смесата во мали чашки или калапи за мафини, претходно премачкани со многу тенок слој масло, за лесно да се оддели желтинот. Ставете ги калапите во фрижидер. За тоа време подгответе го второто желе. Откако ќе се стврдне првиот слој желатин, распоредете го вториот слој , па вратете го во фрижидер и на крај последниот слој. Нека се стегне убаво, па послужете.
Ако користите мараскино кандирани вишни, ставете ги уште кога ќе го распоредите првиот слој желатин, а претходно малку засечете ги на врвот, за да стојат исправени.
Одлично е за жешки летни забави, покрај базен или плажа.
Не е препорачливо за деца.