• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Бременост Сакам бебе

Уроинфекции во бременоста

by РиД 15/01/2010 0 Comment
 Уроинфекции во бременоста

Уринарните инфекции настануваат кога уринарниот систем е нападнат од одредена бактерија. Кај здрав организам урината е стерилна – во неа нема присуство на бактерии за разлика од други органски системи. Во текот на бременоста појавата на уроинфекција е олеснето од следните причини:

1. ги релаксира мускулите во ѕидот на уретрите (спојот помеѓу бешиката и бубрезите)

2. го зголемува волуменот на бешиката

3. го смалува тонусот на уретрата (релаксира)

Сето тоа го успорува протокот на урината од бубрезите до бешиката и преку уретрата кон надвор, што им дава можност на бактериите да се размножат пред да бидат исфрлени со мокрачата. Најчесто место на уроинфекции е бешиката.

Кои се најчестите симптоми при појавата на уриноинфекција, како да ги препознаете?

– болки и печење при мокрење

– болки во карлицата, долен дел од стомакот, долен дел од грбот или странично, најчесто еднострано

– чувство за неможност до крај да се испразни бешиката при мокрење

– чувство на топло- ладно наизменично

– гадење и повраќање

– честа потреба за мокрење

– потешкотии во контрола на мокрењето

– мокрача со лош мирис, заматена или крвава

– болки при однос

– покачена телесна температура со констатни болки во пределот на бубрезите

Како да се превенира појавата на уриноинфекција во бременост?

– навремен скрининг што значи уринокултура меѓу 12 и 16 недела од бременост

– по одење во тоалет, бришењето секогаш да биде во правец од напред кон назад, не обратно. На тој начин се избегнува пренос на бактерии од дебелото црево кон уринарниот тракт.

– да не се користат јаки сапуни, када, антисептични креми, парфимирани хигиенски производи кои можат да доведат до иритација на уретрата и сензитивниот уринарен тракт

– комплетно празнење на бешиката при одење во тоалет

– после секој однос тоалета со вода

– редовно празнење на цревата со правилна исхрана

– користење памучен долен веш (секојдневно менување) и избегнување тесна облека

– консумирање многу течности, најдобро вода

Урино инфекциите се јавуваат во три форми:

1. Асимптоматска бактериурија (присуство на бактерија во мокрачата, но без симптоми) 30% од нив ако не се лечат прогредираат во втора група и 50 % во трета група

2. Циститис (воспаление на бешиката)

3. Pyelonephritis (воспаление на бубрезите)

За среќа, со правовремен скрининг (уринокултура 12 – 16 г.н.) препознавање на симптомите и лечење на првите две групи состојби, може да се спречи појава на состојба на третата група, што сепак може да биде многу сериозно како по здравјето на мајката така и по плодот.

Која е најголемата опасност по плодот?

1. Предтерминско породување (пред 37 г.н)

2. Раѓање плод кој е помал за својата гестациска старост (интраутерин застој во растот)

3. Амнионитис – пренесување на инфекцијата на плодовата вода и при интактни (непрснати) плодови обвивки

4. Сепса и пневмонија кај новоредното, особено ако е причинителот ГБС (група Б стрептококи)

Кои се најчестите предизвикувачи на уроинфекции во бременост?

1.Eшерихија коло – 80 – 90 %

2. Протеус мирабилис

3. Klebsiella pneumonie

4. ГБС

5. Staphilococus saprophiticus (поретко)

6. Gardnerella vaginalis

7. Ureaplazma urealiticum

Како се спроведува лечењето на уроинфекција во бременост?

При почетокот на првите симптоми, веднаш се започнува со антибиотска терапија со широк спектар – цефалоспоринска. Претходно се дава примерок урина, по можност утринска мокрача, по направена тоалета, среден млаз. По стигање на резултатот од микробиолошката анализа, ако има потреба се прави промена на изборот на антибиотикот. Лечењето на состојбите од првите две групи може да биде со орално земање антибиотик, но состојбата од третата група без исклучок оди со венска терапија. Многу е важно консумирање на големи количини течности, со цел разредување на бројот на бактерии во мл. мокрача, зголемена ефикасност на антибиотикот и што побрзо излекување. Само така може да се превентираат сите можни компликации до кои може да доведе уроинфекцијата во бременост, како за мајката така и за плодот.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 565

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: bolki bremenost eserihia urinoinfekcii болки бременост ешерихија уриноинфекции
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved