Колпоскопија – колку е важна и зошто?
Еден од најзагрижувачките моменти во животот на секоја жена, е моментот кога нејзиниот гинеколог ќе се јави и соопшти дека резuлтатот од ПАП тестот е абнормален. Иако во тој момент можете да помислите – тоа значи дека имате цервикален карцином, факт е дека најголем број од абнормалните ПАП тестови не се причинети од цервикален карцином. Многу повероватно е дека причината за ваков тест е инфламација (воспаление) или вагинална инфекција.
Со оглед на тоа што ПАП тестот е скрининг тестм но не и дијагностички тест, вашиот гинеколог ќе бара поблизок т.е. поегзактен преглед на цервиксот, со цел одредување на причината за абнормалниот ПАП тест. Тогаш се прави преглед наречен – Колпоскопија.Тоа се практикува во случаи ако ПАП тестот го дава еден од следните резултати:
– индицира дисплаzија или карцином
– покажува присуство на ХПВ (human papiloma virus)
– покажува присуство на атипични сквамозни клетки со недетминирано значење (АSCUS) или истиот наод се повторува.
Што е колпоскопија ?
Колпоскопијата е лесна и безболна процедура, која се прави амбулантски и трае 10-15 мин. Се позиционирате на гинеколошки стол (исто како за ПАП тест). Докторот го користи колпоскопот да го прегледа првенствено вашиот цервикс. Колпоскопот е голем, електричен микроскоп кој се позиционира на околу 30 цм. од вагината. Чистата светлина која се наоѓа на крајот од колпоскопот, му овозможува на вашиот доктор јасно да го види цервиксот и da gi детектира промените кои се евентуално присутни.
Во текот на колпоскопскиот преглед, гинекологот се фокусира на подрачјата кои се т.н. абнормален наод. Ако постои можност да се прикаже кoмплетно абнормалната површина со колпоскопот, се зема primerok od tkivo со специјален инструмент за таа намена (биопсија) и потоа се испраќа за понатамошна евалуација т.н. хистопатолошка анализа (ХПА) . По добивање на резултатот се донесuва конечна одлука за начинот на кој ќе биде третирана променаt. Tоа е условено и од други моменти од кој е најважен присуството на ХПВ, и ако истиот се докаже, се прави негова типизација (одредување на типот на вирусот-високо или нискоризичен) што значајно ќе влијае на понатамошната одлука за начинот на лекување.No toa e tema koja bara podetalen osvrt, vo druga prilika.
Кое е значењето на колпоскопијата ?
Од горенаведеното, лесно е да се увиди важноста на колпоскопијата и колпоскопскиот преглед. Таа единствено дава можност за детекција и егзактна дијагноза на преканцерозните лезии и оние во понапредната фаза. Со тоа се овозможува правовремена дијагноза и лекување на секоја откриена промена во најран стадиум и можност за нејзино излекување како и спречување на понатамошен развој на истата.