• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

Топ 5 прегледи за секоја жена

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Нормално развивање на одот

by РиД 21/05/2012 0 Comment
 Нормално развивање на одот

За нормалниот моторички развој кај децата има многу да се зборува, но сега би се задржал на одењето. Нормално е детето да прооди на возраст од 9 до 13 месеци, но се смета за нормално ако прооди и до 18 месеци. Во последно време речиси и да не гледам родители кои ќе влезат во амбуланта, a детето да не им проодило на 9 месеци.
Поентата на текстот е да  спречи децата да се учат да одат, односно да се паткаат. Навистина паткањето ние може да го препорачаме само кај оние деца кај кои касни моторичкиот развој па со паткање да се даде импулс таму кај што природата касни (нормално прво да се провери причината за каснење на одот) .
Кога ке го исправите детето прерано на две нозе тоа инстиктивно му доаѓа да прави чекори и со тоа го потикнувате одењето, но при тоа правите две големи грешки:

– прескокнувате фази од нормалниот развој на детето, како на пример лазење и

– го оптоварувате мускуло-скелетниот систем прерано, пред да биде способен да ја издржи тежината на телото поради слабата и неразвиена мускулатура.

Поради ова кај детето може да се развијат несакани деформитети на долните екстремитети.

Затоа ве советувам следното:

– Обезбедете му на вашето дете сигурен простор во кој не може да се повреди (специјално катче со сунѓери и без остри рабови или со некоја оградичка) и ставете го детето внатре природно и нормално да се развива. Тогаш тоа ќе си ги има сите етапи на развој: лазење, исправување со придржување, па цупкање, проодување со држење (детето само ќе се придржува за нешто), пуштање од една точка до друга и потоа станување од средина на соба без да се држи и на крај стабилно контролирано одење.

Да не заборавам да споменам дека многу лошо е кога децата кои нестабилно одат,  се држат за едната рака. Многу често знаат да се сопнат и при тоа ние сакајќи да ги заштитиме, инстиктивно силно повлекуваме со раката, што може да доведе до големи повреди на рамениот или лакотниот зглоб, па дури и до скршеница на клучната коска.
Затоа ако веќе морате да го придржувате детето, подобро земете ременчиња – водилки односно градници, колку и смешно да ви изгледаат. Секако дека треба да им дозволите на децата да паѓаат, само така ќе научат дека треба да ги постават рацете пред лицето за да не се повредат. Тоа е многу важно да го научат порано, отколку покасно, кога можат сериозно да се повредат.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 1
    Email
Post Views: 707

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 1
    Email
Tags: deca lazenje prooduvanje деца лазење проодување развивање на од
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот рез

20:15 16 Mar 2026

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати природно: Што навистина вели науката

01:02 14 Mar 2026

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

00:10 14 Mar 2026

Топ 5 прегледи за секоја жена

22:24 13 Mar 2026

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2026. All Right Reserved