• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Забременување Сакам бебе

Масло од соја и жолчки за бременост

by РиД 19/05/2012 0 Comment
 Масло од соја и жолчки за бременост

По четири неуспешни ин витро обиди да забремени, Сара и Метју Кониерс, биле очајни дека никогаш нема да основаат семејство. Но по пет години, борба со стерилтетот тие се радуваат на раѓањето на нивните близнаци.

Тоа, според зборовите на госпоѓа Кониерс, е благодарение на посебната терапија која подразбирала внесување на мешавина од жолчки и масло од соја. Докторите веруваат дека силната волја на многу жени кои сакаат да станат мајки има големо позитивно влијание во нивната борба за мајчинство, бидејќи помага во надминување на проблемот со имуниот систем, кога „клетките убијци“ ги напаѓаат оплодените ембриони.

Сара Кониерс (33) која е учителка и нејзиниот сопруг Метју (40), вработен како финансиски советник, започнале со обиди да забремени веднаш откако се венчале во август 2007 година. По две и пол години без деца, двојката се решила да оди на ИВФ третман, приватно. Првите три обиди кои ги чинеле 5000 фунти (383.500 ден) не биле успешни, а на Сара `и било кажано дека клетките од нејзиниот имун систем се премногу активни и ги напаѓаат оплодените ембриони. Потоа `и било понудена посебна терапија позната како ‘intralipid infusion therapy’. Оваа терапија со која се внесува мешавина од масло од соја и јајца, богати со калории и есенцијални амино киселини, се користи за зајакнување на имуниот систем кај постопертивни пациенти и предвреме родени бебиња.

– Не сме биле на одмор пет години, но вредеше, кога дознав дека сум бремена во октомври минатата година. Малку е да се каже дека бевме пресреќни – вели Сара.

Иако таа била на специјалната терапија во тек на четвртиот ИВФ обид, потребен бил уште еден пред да забремени. Па така годинава на четврти април на свет дојдоа близнаците Вилијам и Бен, кои беа два месеци предвреме родени.

– Првиот пат кога правевме ИВФ и не ни успеа, бевме очајни. Ми извадија 18 јајце клетки и ги замрзнаа, за да можат да ги искористат за следните третмани. Но, ништо не се случуваше. Кога го направивме четвртиот ИВФ третман, ми ја дадоа терапијата со масло од соја и жолчки. Ми беше навистина чудно, но бев решена да пробам сè. Беше како обична терапија да примате, само што за оваа доаѓаше сестра кај мене дома и ми ја даваше. Им препорачувам на сите кои го имаат истиот проблем да се обидат, тоа само може да им помогне во исполнување на сонот – изјавува Сара и открива дека потрошиле над 25.000 фунти (1.917.500 ден.) за сите ИВФ третмани.

Оваа терапија со масло од соја и жолчки, се користи и за да им помогне на жените кои сакаат да забременат по природен пат. Доктор од CARE Fertility, болницата за лечење стерилитет во Британија, кој ја лекувал Сара, вели дека терапијата им се нуди на жени кај кои се случуваат забременувања по природен пат, но завршуваат со спонтани абортуси. Кај нив најчесто проблемот е премногу активен имун систем, кој ги продуцира тие „клетки убијци“ кои ги уништуваат оплодените ембриони.

Третманот секогаш се изведува во строго контролирани услови, од висококвалификувана медицинска сестра и под постојан лекарски надзор.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 462

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: bliznaci bremenost IVF lecenje soja sterilitet zolcki близнаци бременост жолчки ИВФ лечење соја стерилитет
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved