• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

Топ 5 прегледи за секоја жена

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Рефлекси кај новороденчето

by РиД 28/01/2012 0 Comment
 Рефлекси кај новороденчето

Примитивните рефлекси кај новороденчињата се одраз на недоволно созреаната функција на мозокот, па во текот на првите месеци исчезнуваат и се заменуваат со оние вистинските рефлекси.

Рефлекс на цицање – е првиот кој се јавува кај фетус од 10 неделии исчезнува кај здраво новореденче по четвриот месец. Бебето го цица секој предмет кој ќе му се стави во устата.

Рефлексот на „барање“ со устата – се предизвикува со лесен допир на образите или крајот на усните. Новороденчето реагира со вртење на главата и се обидува со устата да го фати она кое ја предизвикува дразбата.

Рефлексoт на фаќање – или Дарвиновиот рефлекс и се манифестира со тоа што кога на детето му ја допирате дланката со некој предмет, тоа се фаќа за тој предмет толку цврсто што држејќи се за него може да виси. Овој рефлекс се губи околу 40тата недела и има врска со развојот на структурите во мозокот кои подоцна ќе доведат до развој на движењето на рацете и прецизно фаќање.

Мооровиот рефлекс – се јавува по раѓањето и исчезнува околу седмиот месец. Се манифестира со тоа кога детето ќе го поставиме да лежи на грб и над него плеснеме со дланките, тоа прави движења со рацете и нозете, како да сака да ја прегрне личноста пред себе.

Рефлексот на одење – се манифестира со тоа кога детето го држиме над некоја подлога, така што со прстите да ја допира земјата, тоа прави движења како да вози велосипед. Овој рефлекс исчезнува по неколку недели и нема никаква врска со проодувањето.

Рефлексот на Бабински – се забележува кога на детето му го надразнуваме стапалото, тоа прави лепезести движења со прстите. Кај возрасните, се забележува спротивен процес, односно тие реагираат со собирање на прстите. Овој рефлекс почнува да се губи околу шестиот месец и конечно исчезнува некаде во втората година. Ако кај бебето се манифестира овој рефлекс и подоцна тоа е знак за некои невролошки пореметувања.

Уште еден феномен карактеристичен за новороденчињата е условувањето. Некои експерименти покажуваат присуство на класично условување кај новороденчињата. Во нив како безусловна дразба користено е шише со млеко. За нејзе бебето безусловно одговора со движења како да цица. Ако истовремено со појавата на шишето му се даде на детето некој звук, тоа подоцна ќе почне да реагира со движења како да цица и при слушање само на звукот, што е условен рефлекс. Во некои експерименти во кои е користено црвено шише како безусловна надразба, доаѓало и до генерализација, па бебињата почнувале да реагираат со условен рефлекс на цицање при појава на сите црвени предмети.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 693

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: bebe cicanje dvizenje refleksi
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот рез

20:15 16 Mar 2026

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати природно: Што навистина вели науката

01:02 14 Mar 2026

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

00:10 14 Mar 2026

Топ 5 прегледи за секоја жена

22:24 13 Mar 2026

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2026. All Right Reserved