• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

Топ 5 прегледи за секоја жена

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Направете природна козметика за нега и здравје на бебето

by РиД 23/06/2011 0 Comment
 Направете природна козметика за нега и здравје на бебето

Ароматерапијата е нежен метод за одржување на здравјето, убавината и добрата состојба на организмот. На едноставен начин, со почитување на основните правила на ароматерапијата, можеме да ја вклучиме во секојдневието. Етеричните масла го прочистуваат воздухот, создаваат пријатна атмосфера, а ако ги разредите со растително, ладно цедено масло ќе добиете потполно природни препарати за нега на кожата. Еве мала палета етерични масла кои можат да ги користат мајките, трудниците, доилките, бебињата ( од 6 месеци натаму) и децата:

Мандарина (Citrus reticulata) – масло на радоста и смеењето, пријатно со препознатлив мирис, добредојдено е во секоја светилка, купка, озонер и др. Го потикнува доброто расположение, ја отстранува нервозата и напнатоста. Одлична е за создавање весела, „роденденска„ атмосфера.

Лаванда (Lavandula vera, Lavandula angustifolia) – етерично масло кое е многу присутно во ароматерапијата. Делува регенерирачки на кожата, се користи за релаксирање, го намалува крвниот притисок, може во мали количини да се нанесе неразредено на кожата ( при опекотини, убод од комарец и сл).

Камилица (Chamomilla recutita) – благородно етерично масло со изразено противвоспалително дејство. Вистински благодет за нега на чувствителната кожа.

Камфора (Cinnamomum camphora) – е едно од најјаките антивирусни етерични масла кои се користат за превенција при тешкотии во дишниот систем – го олеснува и продлабочува дишењето, го прочистува воздухот. Се користи за третирање на несоница и напнатост.

Природна купка за бебиња:

1 лажичка маслиново или бадемово ладно пресувано растително масло

1 капка лаванда или камфора

Измешајте ги состојките и додајте ги во водата за бањање.

Масло за нега и маса на детска, чувствителна кожа:

100 мл бадемово ладно пресувано, нерафинирано растително масло

5 капки етерично масло од камилица

10 капки етерично масло од лаванда

Помешајте ги состојките и соберете го во шишенце со темно стакло. Користете го наместо вообичаен лосион или масло за секојдневна нега на кожата

Масло за превенција од стрии (мајки):

100 мл ладно пресувано растително масло

50 капки растително масло од мандарина

Состојките измешајте ги и соберете ги шишенце со темно стакло. Употребувајте го секојдневно за нега на кожата по туширање.

За слатки сништа:

Набавете електричен распркувач на етерични масла кој може бесшумно и сигурно да работи во текот на цела ноќ. Капнете на соодветното месо 5 капки етерично масло од лаванда, 5 капки камфор и 5 капки мандарина. На овој начин ќе го прочистите воздухот во собата и ќе го олесните дишењето.

Ако не можете да набавите дифузер, послужете се со едноставен арома- трик: капнете масло од камфор на хартиено шамивче и оставете го покрај перницата од детето. Покрај перницата од возрасни лица можете да ставите и шамивче на кое сте капнале 3- 4 капки масло од камфора или лаванда

Важно: етеричните и растителните масла набавете ги од специјализирани продавници. Овие рецепти не служат за лечење.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 612

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: aromaterapija etericni masla lavanda mandarina masaza na bebe prirodna kozmetika ароматерапија етерични масла лаванда мандарина масажа на бебе природна козметика
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот рез

20:15 16 Mar 2026

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати природно: Што навистина вели науката

01:02 14 Mar 2026

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

00:10 14 Mar 2026

Топ 5 прегледи за секоја жена

22:24 13 Mar 2026

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2026. All Right Reserved