• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Бременост Сакам бебе

Здрава вегетаријанска бременост

by РиД 19/06/2011 0 Comment
 Здрава вегетаријанска бременост

Ако сте приврзаник на вегетаријанскиот начин на исхрана, сигурно се прашувате како да бидете сигурни дека се храните здраво пред, во текот на бременоста, како и додека доите. Овие три периоди од животот кои се многу важни за секоја жена, воедно се и периоди кога ќе добивате многу совети, од разни страни, кои некогаш ќе се и спротивставени, па еве што е најважно да знаете.

Пред бременоста

Фолната киселина е витамин од групата Б, кој помага во заштитата на плодот од некои несакани аномалии. Него ќе го најдете најмногу во зелениот листест зеленчук, гравот и во некои збогатени продукти (како паста, леб и цереалии), а исто така и во сите мултивитамински препарати. Сигурно ќе сакате пред да забремените да сте сигурни дека храната која ја јадете е богата со фолна киселина. Ако сте на исхрана базирана на зеленчук и овошје, тогаш можете да сте сигурни дека ги покривате дневните потреби. Нутриционистите исто така препорачуваат во овој период да избегнувате често јадење туна, скуша и други морски риби, за кои постојат сознанија дека содржат во поголем процент жива и други токсини кои можат да му наштетат на плодот.

Во тек на бременоста

Да, јадете за двајца. Но едниот од вас е многу мал, така што навистина не ви е потребна голема количина дополнителна храна. Бремена жена има потреба од 300 калории на ден повеќе од претходно, што одговара на околу 150 г ориз, леблебии или пак три средни јаболки. Бременоста не е време кога треба да штедите на храна. Жените кои не се хранат доволно во текот на раната бременост раѓаат деца кои кога ќе пораснат имаат ризик од проблеми со тежината, болести на срцето, споредено со децата родени од жени кои се хранеле здраво и правилно.

Колку килограми е нормално да се здебелите? Ако ја зголемите тежината во текот на бременоста, за 10 – 15 килограми се смета дека е во ред, додека се’ што е под или над овие граници се смета дека е недоволно, односно премногу.

Што е со протеините, железото и другите важни нутритиенти? Исхраната базирана на мени богато со зеленчук и овошје, обезбедува доволно протеини, дури и без специјално комбинирање или надополнување на исхраната. Она кое е потребно е дополнително внесување железо, особено во втората половина од бременоста, така што се препорачува да ја збогатите исхраната со листест и мешункаст зеленчук. На некои жени им се доволни количините железо од храната, заедно со она кое го имаат претходно складирано во организмот, додека други ќе имаат потреба од земање дополнително преку таблети или сируп (најчесто жени кои се анемични, бремени со близнаци и т.н). Вашиот лекар лесно ќе го провери статусот на железото на почетокот и средината од бременоста и ќе одреди дали имате потреба да примате дополнително, па соодветно на тоа ќе ви одреди терапија. Нема потреба да земате месо или други продукти од животинско потекло, за да го зголемите нивото на железо.

Она кое ви е потребно е секако витаминот Б12 за здрави нерви и крв кај бебето, а најлесно ќе го обезбедите преку дополнителни витамински препрати. Не сметајте на спирулината како додаток во храната кој може да ви ги обезбеди потребните количини од витамин Б12.

А што е со омега 3 масните киселни, кои се важни за правилен и здрав развој на мозокот и нервниот систем? Многу растенија особено ленот, оревите, сојата и продуктите од соја се богати со алфа-линоленска киселина, најважната омега 3 масна киселина. Според некои истражувања направени во Европа, докажано е дека жените кои правилно се хранат и внесуваат доволни количини овошје и зеленчук, во текот на бременоста имаат исто ниво на омега 3 масни киселини, како и жените кои јадат месо и риба.

А кофеинот? Мислењата на нутриционистите се поделени. Според некои дури и една до две шолји кафе на ден може да го зголемат ризикот од спонтан абортус, па подобро е да се избегнува. Додека од алкохол се препорачува максимално да се воздржувате во овој период.

Додека доите

Доењето е вистински благодет и за мајката и за детето. За мајката тоа значи заштеда на време, пари и непријатност при подготовка на вештачко млеко. Додека за бебето доењето го намалува ризикот од дебелеење, дијабетес и други здравствени проблеми во подоцнежниот живот. Бидејќи вашето тело продуцира млеко, потребни ви се екстра калории и здрава храна, исто како во бременоста. А вие сакате да продолжите да внимавате што јадете. Постои голема вистина во поговорката дека – она кое го јаде мајката, го јаде и бебето. Некои видови храна која ја јаде мајката, може да предизвика грчеви кај бебето, по доењето. Кравјото млеко е најчестиот причинител. Според нутриционистите проблемот е во протеините кои преминуваат од кравјото млеко преку мајчиниот крвен систем во млекото. Кај некои доенчиња забележена е појава грчеви, откако мајките јаделе повеќе кромид, брокули, зелка, карфиол и чоколадо.

Се’ на се’, не е така тешко да се јаде вегетаријански за двајца, ако се храните здраво, со многу овошје, зеленчук, интегрални житарки, мешункаст зеленчук, како и да ја одредите порцијата соодветно.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 410

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: ovosje zdrava vegetarijanska bremenost zelencuk здрава вегетаријанска бременост зеленчук овошје
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved