Одлична техника за градење на самодовербата кај децата
Позитивниот фидбек или positive rеinforcement e еден од четирите основни елементи на Хелен Дорон методологијта кој ја прави успешна како во едуцирањето на децата, така и во развојот на нивната самодоверба и градењето на вистинската слика за себе.
Во што е тајната на уникатниот Positive Reinforcement пристап во „Хелен Дорон“ методологијата, ни открива Хелен Дорон британска научничка и лингвистка, освновачка на едукативната франшиза Helen Doron Educational Group. Воедно таа советува како родителите можат да го применат овој пристап за своите деца.
Прашање за оваа недела:
– Доколку му дадам позитивен фидбек на детето додека прави нешто што не е во ред, зарем не го поттикнувам лошото однесување?
Одговор од Хелен: Самодовербата која се гради во текот на детството може да трае низ целиот живот. Зависи што подразбирате под лошо однесување. Пред сè, позитивен фидбек ( positive rеinforcement) се случува кога му кажувате“одлично” или “колку добро го направи тоа” или “ми се допаѓа тоа што го правиш”. Овој пристап овозможува секој, без разлика на возраста, да се чувствува добро, да му се зголеми самодовербата и да изгради добра слика за себе. Доколку некое дете расте во средина каде што постојано се критикува, тогаш тоа несомнено ќе влијае детето да изгради погрешна и лоша слика за себе. А таа слика, верувајте, трае цел живот. Ова насилно уништување на убавата слика за себе останува со нив до крајот на животот или сè до моментот кога детето, како возрасна личност, ќе започне да си помага со читање на психолошки книги или со посета на психијатар. Дури и тогаш, навистина е невозможно да се спореди поправањето на лошо изградената слика за себеси со онаа која се гради природно во позитивна атмосфера. Кога некоја личност не се чувствува прифатено, тогаш почнува да го сокрива својот идентитет и да го менува начинот на кој комуницира. Истражувањата посочуваат дека кога луѓето однапред очекуваат неуспех од себе, тогаш тој почесто им се случува. Постои мал број деца, кои без оглед каков фидбек добиваат, ќе се пробиваат во животот со помош на својата внатрешна сила. Но, ова се навистина ретки случаи. Затоа е од исклучителна важност детето од рана возраст да се чувствува прифатено.
Зарем не ни е на сите важно да бидеме прифатени? Дури и Вие, како возрасна единка, доколку се опуштите низ дома и започнете да пеете и некој Ви рече, „Те молам престани, се имаш ли слушнато како пееш?”, дали повторно ќе бидете толку опуштени да пеете пред некој друг? Од друга страна пак, замисете ја ситуацијата како вие пеете, а некој ви вели „Колку прекрасен глас имаш!”, тогаш и вие ќе се почувствувате дека умеете да пеете добро. Фидбекот може да го зацврсти или искрши детето. Кога на детето му се кажува „Браво, одлично!” тоа Ве разбира преку зборовите или преку веселата интонација која ја користите и без разлика на возраста, сфаќа дека му давате позитивен фидбек.
Постојат родители кои не умеаат да препознаат колку е битен и најмалиот напредок и реагираат на следнов начин: „Ние правиме се за тебе и оваа ли е најдоброто нешто што можеш да го постигнеш?”. Од друга страна пак, постојат родители кои извикуваат „Браво, одлично!” и на најмалиот напредок. Во овој случај детето помислува во себе дека тоа што го направило е во ред и следниот пат ќе го повтори и ќе биде уште подобро и навистина, ефектот од позитивниот фидбек е секогаш воочлив и неизбежен.
Моќта на пренасочување
Позитивниот фидбек е нешто што најприродно и несвесно се случува помеѓу родителот и детето, но ние го користиме како техника, без оглед на тоа која возраст е детето, бидејќи тој ја има моќта да ги отргне мислите од неправилното и детето да се насочи кон позитивната активност.
Значи, да одговориме на прашањето – Како да се однесуваме кога детето прави нешто погрешно? На нашите часови, зборот „погрешно” има две различни значења. „Погрешно” може да значи ситуација во која едно дете почнува да турка друго дете – ова го сметаме за вид на насилство и не смееме да велиме „Браво, одлично!”. Напротив, отворено му посочуваме на детето дека тоа не е начинот на кој треба да се однесува, му покажуваме како е прифатливо да се однесува и го прашуваме дали се согласува со нашата забелешка и дали разбира што му посочуваме. Моментот кога детето ќе се согласи со вашата забелешка и ќе искаже разбирање е совршениот момент да се извика „Многу добро! Одлично!”.
Друг пример за погрешно е следнава ситуација: на детето му се покажува слика од глушец, а тоа извикува „Мачка!”. Во овој случај учителот вели „Ова е глушец”, потоа детето ќе го повтори она што учителот го рекол и учителот му дава позитивен фидбек, односно вели „Одлично, да, ова е глушец!”. При тоа детето ќе заборави на својот погрешен одговор и ќе се чувствува удобно. Без оглед на тоа дали се работи за погрешен одговор при учењето или лошо однесување, секогаш треба да им го покажеме правилниот начин и откако ќе го повторат она што сме го кажале или ќе се согласат со нас, ние им даваме позитивен фидбек и внимаваме на нивните понатамошни реакции.
Малите деца не обрнуваат внимание на негациите во речениците
Пред неколку години, седев со еден човек и тој ми раскажа за една интеракција помеѓу него и неговото две годишно дете. Човекот му кажал на детето да не го допира огнот кој им бил во близина. Но, првото нешто што детето го сторило било токму тоа – го допрело огнот. Човекот зачудено ме праша што мислам за оваа ситуација, а јас му кажав дека според моето стручно мислење дека малите деца не обрнуваат внимание на негациите во речениците, туку се сконцентрирани на другите поважни зборови во реченицата, како на пример во неговиот случај, детето слуша „огнот” и „допирај”, а го занемарува „не”. Затоа, наместо „не го допирај огнот”, подобро е да кажете „тргни се настрана”.
Годините кои ги имаме посветено на предавање на англискиот јазик нè научија дека позитивниот фидбек е една од клучнита состојка за нашиот успех и ефективноста на методот. Преку нашиот медот ние ја градиме самодовербата кај децата. Позитивниот фидбек е нешто што мора да се применува. Вака ги обучуваме и нашите учители, кога тие учат колку е важно да ја применуваат оваа техника во текот на наставата. На овој начин, се создава прекрасна атмосфера на часовите и успехот е неизбежен. Секако дека постојат учители кои не знаат да ја користат техниката на позитивен фидбек, бидејќи тоа не е во нивната природа како личност или толку се навлезени во некоја методологија по која предавале претходно, што според нив давањето критика, наместо позитивен фидбек е правилниот пристап.
Но, за среќа, постојат учители кои оваа техника не ја користат само во училницата, туку започнуваат да ја применуваат и дома. Многу луѓе го имаат подобрено квалитетот на својот семеен живот преку свесното применување на позитивниот фидбек, што полека прераснува во тренд и во модерната психологија. Се сеќавам на времето кога моите деца беа мали. Дури и кога моравме сите заедно да патуваме со авион, со часови и часови никогаш го немаше она туркање, викање и сцени кои може да ги забележите кај некои семејства. Сигурна сум дека позитивниот фидбек одигра многу важна улога во тоа на кој начин ние се однесувавме еден со друг. Децата се чувствуваа прифатени и дел од фамилијата. Тие знаеја што се очекува од нив и се однесуваа во согласност со тие очекувања. Некои деца не знаат што се очекува од нив, бидејќи единственото нешто што постојано го слушаат е „Не! Немој!”. Ова е нешто за кое мора многу сериозно да се размислува и да се искорени. Доколку почнете да применувате давање позитивен фидбек, можете да ги го промените животот на многу подобро.
Доколку сакате одблиску да се запознаете со уникатната Helen Doron методологија резервирајте си бесплатен ДЕМО час во еден од ХД училишните центри најблиску до вас:
Helen Doron Aerodrom – 078 388 403
Helen Doron Centar – 072 236 356
Helen Doron Karpos – 078297949
Helen Doron Kisela Voda – 078 282 842
Helen Doron Kapistec – 070 984 435
Helen Doron Cair – 072 206 622
Helen Doron Veles – 075 340 443
Helen Doron Tetovo – 075 224 242
Helen Doron Bitola – 075 232 778
Helen Doron Prilep – 077 699 961
Helen Doron Ohrid – 077 613 815
Helen Doron Stip – 078 757 455
Helen Doron Gevgelija – 078 220 391
Helen Doron Strumica – 071 242 476
Helen Doron Kocani – 071 314 499