Зајакнете го целото тело со оваа едноставна вежба
Пленк е статична вежба при која работат скоро сите мускули во телото, што ја прави една од најпопуларните вежби. Потребна е одредена количина на сила за да се изврши, а за да има резултати, важно е и колку долго ја држите вежбата.
При изведување на пленк, максимално се користат мускулите на стомакот, задникот и тетивите. Иако се потпирате на рацете, всушност треба да ги искористите стомачните мускули кои најмногу го држат телото подигнато.
Со цел успешно да ја изведете вежбата, најважно е колку долго го одржувате телото во воздух, а тоа не треба да е помалку од 10 секунди. Во зависност од вашата кондиција , ќе дојдете до момент кога ќе можете да издржите и до 60 секунди, а најискусните и до две минути. Најважно е да не се форсирате и постепено да стигнете до подолго време во пленк позиција.
Ако успеете да издржите една минута во пленк, можете да ја зголемите тежината на вежбата со тоа што ќе ги притиснете стомакот, глутеусот и квадрицепсите посилно. Важно е да не се присилувате и да не ја држите оваа пленк позиција подолго отколку што можете.Прекумерното оптоварување може да направи голем напор на долниот дел на лумбалниот дел на грбот.
Како што се заморувате, лумбалниот грб почнува да се витка, што го зголемува ризикот од повред. Кога се изведува правилно, пленк може да помогне во зајакнување на целото тело.