• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Љубов

Како да препознаете насилник и што да правите кога некое лице живее со него?

by РиД 25/11/2020 0 Comment
 Како да препознаете насилник и што да правите кога некое лице живее со него?

Злоупотребата влијае на сите жени без оглед на возраста, образованието, економскиот статус, културата, сексуалната ориентација или физичката состојба.

На Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените ви откриваме како да препознаете нездрави односи, насилно однесување, техники на манипулација со жртвите, како и што можете да сторите кога некое лице близу вас има проблеми со насилникот.

Како да препознаете нездрава  врска

– Партнерот е љубоморен и посесивен, не ѝ дозволува на жртвата да има пријатели, постојано ја проверува, не го прифаќа фактот дека таа сака да ја прекине врска или бракот со него.

–  Се обидува да контролира, сака да ги донесе сите одлуки, не го почитува мислењето на партнерот.

–  Ја обвинува жртвата за своето лошо однесување, вели дека го испровоцирала да се однесува така.

–  Присилува на сексуален однос и е насилен за време на односот.

–  Се расправа, брзо ја губи контролата над своите емоции и однесување.

Дали има какви било индикации дека едно лице е насилно?

Овие однесувања не мора да означуваат насилничко однесување, но важно е да се обрне внимание ако некое лице ги има следниве карактеристики:

–  Брзо влегува и излегува од врската.

–  Може да биде многу шармантен и да изгледа совршен.

–  Инсистира партнерката да не се занимава со никакви дополнителни активности и да не поминува време со други луѓе освен него.

–  Го критикува нејзиниот изглед и ја омаловажува.

–  Љубоморен е и посесивен.

–  Неговото однесување и зборови не се во согласност едно со друго.

–  Се заканува со самоубиство доколку жртвата го остави.

–  Се заканува дека ќе ја убие жртвата, децата или лицето кое ја советувало да го напушти.

–  Се заканува дека на жртвата ќе и го одземе правото на старателство над децата.

–  Уништува предмети во куќата кои за жртвата имаат сентиментална вредност.

–  Плаче, вели дека не може да живее без партнерката и ветува дека ќе престане да злоупотребува, пие или се дрогира.

–  Ветува дека ќе побара помош, но не го прави тоа.

– Одеднаш станува побожен.

Како да ѝ помогнете на жртвата

– Поддржете ја, слушајте, верувајте и не проценувајте и така покажете и дека не е сама.

– Дајте ѝ време да донесе сопствени одлуки, не ѝ кажувајте што да прави и не ја присилувајте да не се враќа кај насилникот.

– Оставете ја да зборува за убавите моменти од врската, не ја напаѓајте затоа што останува со насилникот.

– Помогнете ѝ да се фокусира на добрите работи за неа и нејзините деца, не ѝ кажувајте дека треба да остане со силеџијата поради децата.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 453

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved