• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Забременување Сакам бебе

Како интернетот може да го направи мажот неплоден?

by РиД 23/11/2020 0 Comment
 Како интернетот може да го направи мажот неплоден?

Ако сакате да легнете на троседот, да го ставите лаптопот во скут и да сурфате на интернет без грижи, топло ви препорачуваме да се откажете од оваа навика, бидејќи станува збор за иднината на вашето потомство. Имено, новото истражување покажа дека ви-фи сигналот од лаптоп може да ги уништи малите пливачи, пишува „Менс Хелт“.

Научниците ставиле примероци од сперматозоиди од 29 мажи под лаптоп, кој бил безжично поврзан на интернет. По четири часа набљудувањезабележале дека четвртина сперматозоиди повеќе не пливаат, а во девет проценти од случаите има значително оштетување на ДНК.

Ова не е прва студија која покажува дека лаптопите можат да согоруваат телесни течности кај мажите. Една студија спроведена на Државниот универзитет во Њујорк покажала дека температурата во скротумот, се зголемувала за неверојатни 18,8 степени кај волонтерите кои 60 минути држеле лаптопи во скутот.

Една европска студија за плодност покажала дека зголемувањето на температурата на скротумот од само 0,6 степени може да го намали бројот на сперматозоиди за 40 проценти.

– Ако ја погледнеме поголемата слика, без оглед на изворот, секое затоплување на скротумот е многу лошо. Мажите навистина треба да избегнуваат топли бањи или загреани седишта во автомобилите, всушност, тие треба да избегнуваат сè што директно го загрева скротумот- вели д-р Лери И. Липшулц, професор по урологија на Медицинскиот факултет Бејлор.

Но, лаптопите не се единствените виновници и потенцијални масовни убијци на сперматозоидите. Има повеќе секојдневни уреди што можат да ги направат мажите неплодни.
Мобилни телефони – научниците веруваат дека зрачењето од мобилните телефони има потенцијал да ги оштети сперматозоидите. Во една турска студија, експертите подложиле сперма на електромагнетно зрачење од мобилен телефон, што резултирало со разни абнормалности во спермата – во повеќето случаи, сперматозидите не биле во можност да го оплодат јајцето.

Конзервирана храна – во овој случај, храната не е виновник, туку амбалажата во која  е спакувана. Имено, мажите кои имале висока концентрација на хемикалијата бифенол А, или БПА, имале и неквалитетни сперматозоиди во урината. Оваа хемикалија, БПА, се наоѓа во пластичните производи и се користи за обложување на конзерви. Научниците откриваат дека БПА во телото делува како женски полов хормон естроген, поради што може да ја наруши рамнотежата на машките полови хормони одговорни за производството на сперма.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 408

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved