• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

Топ 5 прегледи за секоја жена

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Бременост Сакам бебе

Спречете ја појавата на стрии

by РиД 20/10/2020 0 Comment
 Спречете ја појавата на стрии

Стриите се појавуваат како резултат на нагло дебелеење и растегнување на кожата што не може да се спречи, особено во текот на бременоста. На идните мајки тоа им е еден од најголемите проблеми, а бројните креми и лосиони вообичаено ја намалуваат појавата на стрии, но тешко е целосно да се спречат. За барем малку да го намалите нивното појавување, на своето тело треба да му овозможите комплетна нега. За почеток, на кожата треба да ѝ обезбедите максимална еластичност, а тоа ќе го направите ако ја одржите хидратизирана и мека во текот на целата бременост.
Тоа на најдобар начин можете да го направите со помош на кокосово или шеа масло кое ќе го нанесете на кожата, најдобро после туширањето. Покрај класичното кокосово масло , можете да си направите и сопствен лосион на многу едноставен начин.

За него потребно ви е:
1 лажица маслиново масло, по ½ лажица кокосово масло и пчелин восок, неколку капки масло од лаванда и неколку капки масло витамин Е
Сите состојки ставете ги во стаклено шишенце и ставете го во сад со вода што врие, за сите состојки да се стопат и соединат. Но внимавајте да не влезе вода во шишенцето или пак да пукне. Оставете смесата добро да се излади пред да почнете да ја користите.

За да ја одржите кожата хидратизирана пијте многу вода и внимавајте и на другите намирници што ги внесувате во организмот.
Витамините А, Ц и Е секогаш се добредојдени, а продуктите како пиперки, листест зеленчук, брокула, авокадо, јаткасти плодови, маслиново масло, моркови и тропско овошје се и повеќе од потребни.
Она што исто така може да предизвика стрии е недостатокот на цинк, а за да го подобрите тоа, во секојдневните оброци вметнете пилешко и телешко месо, јајца и квалитетни житарки. Секако, вежбањето е нешто од што не морате да се откажете ниту во текот на бременоста, само изберете посмирени вежби. Тие ќе ви ја подобрат циркулацијата, ќе ви ги затегнат мускулите и со тоа ќе ѝ овозможите на кожата поголема еластичност.
Покрај на редовните вежби, внимание посветете и на исхраната. Иако е нормално во текот на бременоста да добиете некој килограм плус, тоа никако не смее да биде нагло, бидејќи покрај што ќе ви предизвика појава на стрии, нема да биде добро ниту за вашето здравје.
Д.Ј

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 558

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот рез

20:15 16 Mar 2026

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати природно: Што навистина вели науката

01:02 14 Mar 2026

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

00:10 14 Mar 2026

Топ 5 прегледи за секоја жена

22:24 13 Mar 2026

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2026. All Right Reserved