Деликатесна зимница од рерна – пиперки со лук
Сoстојки:
– 5 кг пиперки, 5 лажици шеќер, 1 лажица морска сол, 1 главица лук, 100 мл масло и листови од целер
Приготвување:
Пиперките испечете ги, излупете ги и исчистете ги од семки. Потоа исцепкајте ги крупно и оставете да се цедат во цедилка најмалку еден час или преку ноќ.
Во длабок сад ставете го маслото, додајте ги пиперките и сол. Ставете да се пече околу еден час, а пред крај додајте го оцетот, целерот и крупно сечканиот лук. Соберете ги во стерилизирани тегли и добро затворете со капаци. Теглите ставете ги во рерна на 90 степени 90 минути. Исклучете ја рерната и оставете да стојат до следниот ден.