• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Забава

Интервју со Матеј Настевски, главниот актер во серијата „Зоки Поки“

by РиД 26/05/2020 0 Comment
 Интервју со Матеј Настевски, главниот актер во серијата „Зоки Поки“

И конечно оваа година книгата доживеа своја екранизација, а по емитувањето на првите епизоди од серијата „Зоки Поки“, истата наиде на позитивни критики.  Децата актери ја освоија публиката со својата глума, а нивниот избор беше извршен преку аудиции, на кои за главната улога на Зоки, беше избран Матеј Настевски (11) , за кого ова е прва улога и воопшто искуство со актерството.

– Ме пријавија родителите кога дознавме дека има аудиции за серијата, и веднаш конкурирав со желба да го глумам Зоки. Многу бев среќен што покрај сите деца кои се пријавија, јас бев избран – вели Матеј, кој открива дека иако поради снимањата морал да се откаже од летниот одмор и дружбата со другарите во маало, воопшто не се двоумел.
– Кога ги добив сценаријата, сериозно почнав да се подготвувам, бидејќи сакав да ја оправдам довербата која ми беше дадена. Многу ми беше тешко да заплачам во некоја сцена, ама бев упорен да глумам најдобро што можам.
Во текот на снимањето, Матеј вели дека иако многумина мислат дека е сè е едноставно и лесно, сепак е сложен процес, кој бара од сите да работат тимски и сложно. Тој открива дека искусните актери Сабина Ајрула (баба Оле), Даниела Иваноска (мајката), Сашко Коцев (таткото) постојано им помагале и биле многу професионални.

– Многу бев исполнет и среќен што сум дел од нивниот тим. Не сакам никого да навредам бидејќи ги сакам, но посебно ми беше чувството во близина на мојот идол Сашко (татко). “Мајка ми“ и “баба ми“ да не ми се лутат – вели тој и додава дека благодарение на серијата се родиле и другарства со децата од серијата:
– Ги прославивме заедно родендените на Боки (Матео Матоски), Гоки (Матеј Зимбаков) и Лидија (Анастасија Аневска), а мојот остана да го славиме телефонски поради моменталната состпјба на пандемијата . Се слушаме често, ептен добра четворка сме, секогаш подготвени за шега, смешка, палавштина и се надевам дека ќе продолжиме и понатаму да се дружиме.
Инаку Матеј оваа година го завршува петтото одделение во ОУ „Мирче Ацев“ , многу сака рап и поп музика, во слободно време сака да патува, игра видео игри и да другарува. Пред  да почне да глуми сакал да стане хирург, но искуството со актерството му ја сменило желбата и се надева дека кога ќе порасне ќе биде успешен актер.

Пишува: А.Златкова

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 457

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved