Какви сцени мрази да снима оскаровката Џулиен Мур?
Џулиен раскажа како во една сцена разговара со својот филмски партнер, актерот Били Крудуп, додека лежи во када потполно гола. Нејзе ѝ било многу непријатно и чудно бидејќи била целосно гола пред колегите од филмот и пред сопругот.
– Навистина мразев што морам тоа да го снимам. Не сакам такви сцени и тоа ми беше најлошо искуство на сет – вели Џулиен која со Барт има две деца Кејлеб (21) и Лив(17) и додава дека сопругот не сака да ги гледа нејзините разголени филмски сцени и секогаш ги избегнува.
Таа признава дека исто како на многу жени што им е тешко да ги усогласат приватниот и професионалниот живот и нејзе тоа одвај ѝ успева.
– Мора постојано да балансирате. Тоа не е воопшто лесно – изјави Џулиен која со Барт има складен и среќен брак.
Веројатно причината за успехот во бракот е тоа што за нејзе секогаш семејството е на прво место:
– Милионските хонорари на моите деца не можат да им ја надоместат мајкатата. Ако мојот приватен живот страда поради некоја улога, нема да ја прифатам – вели таа.