Карамел обланди
Состојки:
– 1 кора од обланда
За првиот фил:
-110 г шеќер, 200 мл вода, 155 г мелени бисквити
За вториот фил:
– 105 маргарин, 5 лажици вода, 105 г шеќер, 95 г млеко во прав, 4 лажици кокос, 50 г бело чоколадо
Приготвување:
Карамелизирајте го шеќерот па додајте ја водата и бисквитите. Измешајте да добиете хомогена смеса и премачкајте по кората од обланда. Стопете го маргаринот на тивко, додајте ја водата, измешајте додека се стопи шеќерот. Додајте му го млекото во прав помешано со кокос, измешајте и додајте го стопеното чоколадо, па рамномерно рапоредете над првиот фил и завиткајте во ролат.