Филмови кои најдолго беа први на Бокс офисот
„Сам дома“ (12 недели)
Овој божиќен филм плански беше промовиран во ноември, односно неколку дена пред Денот на благодарноста во 1990 година. Во првиот викенд од премиерата, заработи солидни 17 милиони долари. Во наредните недели филмот во кој главна ѕвезда беше Меколи Калкин, остана на првото место заработувајќи осмоцифрени суми, а викендот после католичкиот Божиќ заработи 25 милиони долари. „Сам дома“ беше на првото место цели 12 недели, односно до февруари 1991 година.
„Тутси“ (13 недели)
Помладите генерации можеби не го знаат филмот „Тутси“ во кој Дастин Хофман ја играше насловната улога. Филмот имаше премиера во декември 1982 година, и заработи 5,5 милиоони долари во првиот викенд, во само 1000 кино сали. Поради првичниот успех филмот имаше продолжено емитување во следните недели и стигна до заработка од 11,2 милиони во викендот пред Нова година. До март 1983 година „Тутси“ стоеше на првото место од Бокс офисот, кога падна на второ место. Но во април повторно се искачи на првото место со тотална заработка од 177,2 милиони долари од продажба на кино билети.
„Полицаецот од Беверли Хилс“ (13 недели)
Денешните генерации и оние малку постари од нив не се ни свесни за успехот кој го постигна Еди Марфи со премиерата на филмот во 80тите години. Филмот кој дебитираше во кино салите во декември 1984 година првиот викенд заработи 15,2 милиони. Во последниот викенд пред нова година имаше заработка од 20 милини долари, само за еден викенд. Филмот остана на првото место од Бокс офисот до март 1985 година, а подоцна уште еднаш се врати на првото место пред да биде симнат на пониските места од топ листата. Сепак дури и кога беше тргнат од кината, летото 1985 година, сè уште беше во топ 12 филмови.
„Титаник“ (15 недели)
Никој до сега не успеа да го повтори тоа што го постигна Џејмс Камерун со „Титаник“ во 1997 година, останувајќи број еден 15 недели по ред. Премиерата беше во декември, со заработка од 28,6 милиони во првиот викенд. Следните недели се одржуваше на првото место со осцилации во заработката, но ниту еден филм не заработи повеќе за да го симне од првото место. Во јануари 1998 година ја забележа најголемата заработка за викенд од 36 милиони долари. Сè на сè филмот само од прикажување во САД заработи 600,7 милиони долари.