Спречете го недостигот на енергија во попладневните часови
Енергијата и располжението варираат во текот на денот, а кај многумина се на најниско ниво попладне. Според стручните лица проблемот е во нашиот внатрешен часовник, па не е ништо чудно ако попладне се чувствувате изморено, поспано и ви недостига мотивација, нервозни сте и анксиозни.
Исто така можно е баш во тој период телото да бара шеќер бидејќи ви недостига енергија. Како што знаете шеќерот не е добро ни долгорочно решение. Еве неколку подобри начини да се изборите со недостигот на енергија.
Зголемете го внесувањето на течности – пијте три четири филџани растителен чај дневно како и 2-3 чаши вода со лимон – тоа ќе ја спречи вашата желба за слатко која може да се јави при пад на енергија. Ако сепак дојде до тоа, многу подобра варијанта е да земете малку јаткасти плодови.
Движете се – звучи контрадикторно некој да ви советува движење кога сте летаргични и уморни, но лесна физичка активност, како одење, ќе во помогне да ги „наполните батериите“.
Земајте повеќе магнезиум – тој е добар за зголемување на нивото на енергија, а со тоа и да ги спречите наглите падови на истата.